text size
Поради отсуство на евиденција на доделена државна помош, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема воспоставени контроли за избегнување на двојно финансирање на државна помош за иста намена и надминување на максималниот износ на помош. Ова е само еден од наодите што ги утврдил Државниот завод за ревизија откако ја ревидирал успешноста на тема „Земјоделските регистри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенција за храна и ветеринарство во функција на ефективно остварување на правата и исполнување на обврските на земјоделските стопанства“.