text size
На крајот на јуни 2023 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4,18 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 15 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната банка. Всушност, статистиката на централната банка открива дека тие се на рекордно високо ниво и дека се неколку пати зголемени во однос на почетокот на овој век.