text size
Втор месец по ред едноцифрена инфлација во Македонија покажуваат податоците на Државниот завод за статистика од понеделникот. Индексот на трошоците на животот во јули се зголемил за 8,4 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека цените на мало на годишно ниво се зголемиле за 4,9 проценти. Во јуни стапката на инфлација во Македонија беше 9,3 проценти.