text size
Со буџетот за 2024 година се планирани расходи за исплата на плати во администрацијата на ниво од 41,2 милијарда денари (669 милиони евра), што е зголемување за 60 милиони евра или 10 проценти во однос на годинава, кога за таа намена беа одвоени 37,4 милијарди денари или околу 609 милиони евра. Во изминативе години има континуирано зголемување на платите во администрацијата, а најдобар показател за тоа е фактот дека следната година администрацијата ќе нè чини 210 милиони евра повеќе отколку што нè чинела во 2019 година.