text size
Ќе одолее ли македонскиот извоз на големата европска криза, која сега дополнително се компликува. Европската комисија очекува раст на Брутодомашниот производ во еврозоната помал од првично очекуваниот, а инфлација која е со поголема стапка од претходно проектираната. Најголем предизвик за европската економија е евентуалното запирање на рускиот гас, растечкиот раст на цените и потезите на Европската централна банка која со подигнуањето на каматите и дополнително ќе го забави економскиот раст таму. А земји од Европската Унија и од регионот се најзначајните трговски партнери на Македонија. Македонската економија е на удар од повеќе аспекти, а поскапувањето на енергентите и на храната ја креваат и инфлацијата, но слабеат и инпутите за растот на домашниот БДП во кој пак најголемо учество има извозот. Анализираме какви се трендовите во трговската размена.