text size
До крајот на годината се предвидени уште две аукции за граѓански обврзници. По една за крај на секој квартал, во септември и декември. Покрај тоа, според календарот за емисија на државни хартии од вредност што го објави Министерството за финансии, во следните шест месеци се планирани и по две аукции месечно за обврзници и записи. Сумите што ќе се запишуваат на овие аукции не се впишани во календарот.