text size
Увозот на стоки од Русија во С.Македонија во првите шест месеци од годинава изнесувал 186,7 милиони евра, што е зголемување за 305,5 проценти во однос на истиот период минатата година, кога увозот изнесувал околу 46 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во истиот период, извозот од земјава во Русија бележи минимално зголемување од 24,5 на 25,5 милиони евра.