text size
Со забревтано темпо расте бројот на згаснати трговски друштва во С.Македонија годинава, а во некои дејности бројот на банкроти во осумте месеци од годинава веќе го надминува вкупниот број избришани фирми во минатите години. Таков е примерот во секторот земјоделство, шумарство и рибарство во кој заклучно со август, годинава од евиденцијата на Централниот регистар биле избришани 179 трговски друштва, што е повеќе од вкупниот број од 158 избришани фирми од оваа дејност во цела 2020 година.