text size
Трендот на раст на купувањето онлајн што го наметнаа мерките за спречување на ширењето на пандемијата од Ковид-19 продолжува и годинава, а најдобар показател за тоа е што во првите три месеци е остварен годишен раст од 8,7 проценти во трансакциите на виртуелните (интернет) продажни места. Податоците на Народната банка, покажуваат дека во изминативе неколку години има зголемување на бројот и на вредноста на трансакциите извршени со домашни платежни картички во интернет продавниците во земјава и во странство.