text size
Во период кога инфлацијата урива рекорди и парите ја губат својата вредност се зголемува бројот на македонски граѓани кои се заинтересирани за инвестирање во злато, со цел да ги заштитат своите финансиски средства на подолг рок. Тоа го потврдува Ѕвонко Станковски, директор на Дирекцијата за трезор во Уни банка, која на крајот на минатата година стана првата банка што нуди продажба и трговија со инвестициско злато на македонскиот пазар.