Потфрлањето на буџетските приходи во 2025 година не е резултат на „лоша економија“, туку на преценети буџетски проекции и начинот на кој се управува со приходите, тврдат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс Тинк“ (Finance Think) во својата најнова анализа.
Во 2025 година, вкупните буџетски приходи се реализирани на 92 отсто од планираното, а даночните приходи на 96 отсто. Ова е најниско ниво на реализација во последната деценија и не е изолиран случај, истакнуваат аналитичарите на „Фајненс Тинк“. Слични но помали отстапувања се забележуваат и во претходни години, што укажува на подолг проблем во планирањето, а не на еднократен шок.
Податоците покажуваат дека економската активност, платите и потрошувачката во 2025 година останале солидни. Данокот на додадена вредност (ДДВ) – кој најдиректно ја следи потрошувачката – е речиси целосно реализиран. Тоа значи дека даночната база останува солидна, а тврдењата дека „економијата е лоша“ не се поткрепени со податоци, се вели понатаму во анализата. Каде тогаш настанува проблемот?
Прочитај повеќе
УЈП: Расте наплатата на даноци и социјални придонеси
Лани во буџетот се слеале 4,426 милијарди евра од даноци и социјални придонеси, што е за 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година, информира УЈП.
03.01.2026
Пресметавме колку губи македонскиот буџет поради рамниот данок
Пресметуваме колку пари по основ на персонален данок на доход собира секоја од државите во регионот Адрија. Со оглед на тоа што во различни земји даночните ослободувања што ги дава државата се различни, пресметките ги правевме за самец што живее во главниот град и е постар од 30 години.
19.12.2025
Скапо нѐ чини рејтингот: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања
Се обидовме да отсликаме низ каква диоптрија би можеле инвеститорите да ја гледаат нашата држава кога ќе „мерат“ колкава цена треба да платиме за новите заеми.
13.11.2025
Буџет за 2026-та: Економски раст или само нови долгови?
Анализираме како Владата ќе собере шест, а ќе потроши 6,7 милијарди евра во 2026 година.
06.11.2025
Буџет за 2026 година: Раст од 3,8 отсто, дефицит од 3,5 отсто
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,1 милијарди евра), а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари (6,7 милијарди евра).
28.10.2025
Како до повисок раст во земјава: Структурни реформи наместо буџетска експанзија
Социјалните трансфери се фиксен трошок, кој јаде половина од вкупните расходи.
02.10.2025
На ПИОМ ќе му требаат над 211 милиони евра повеќе пари во 2026 година
Поголемиот буџет е потребен за новите зголемувања на пензиите.
02.09.2025
Долг од 60 отсто од БДП - невозможна мисија? Глобалните ризици ни го отежнуваат патот
Новата еврообврзница ќе биде скапа.
19.08.2025
Анализата покажува три клучни поенти:
-Буџетските проекции биле оптимистички поставени, а и по ребалансите не биле доволно усогласени со реалните можности.
-Потфрлањето е концентрирано кај одредени даноци – акцизи, увозни давачки, данок на добивка и персонален данок – а не рамномерно низ целиот систем.
-Кај ДДВ, државата во последните години ги задржува повратите подолго, со што краткорочно си обезбедува повеќе готовина. Ова може привремено да ја олесни ликвидноста, но создава обврски што ќе мора да се платат во иднина.
Историските податоци покажуваат дека приходите речиси секогаш се пониски од планираното, освен во неколку години со силен посткризен раст. Тоа значи дека 2025 година не е исклучок, туку дел од повторлив образец на преценување на приходниот потенцијал.
Заклучокот е дека потфрлањето на Буџетот во 2025 година не е доказ за забавена економија, туку сигнал за потреба од пореалистично и поконзервативно фискално планирање. Дебатата треба да се насочи кон квалитетот и кредибилитетот на буџетските проекции, а не кон создавање паника за состојбата на економијата.
Препораките на „Фајненс Тинк“ се дека фискалното планирање треба да се темели на пореалистични приходни проекции, со јасно разграничување меѓу трајни и привремени приходи, поголема транспарентност околу повратите на ДДВ и редовна анализа на разликите меѓу планираното и оствареното.