Националниот железнички оператор на Казахстан ја проширува железничката мрежа и инфраструктурата за да одговори на растечката побарувачка за транспорт на стоки меѓу Кина и Европа, додека трговските текови се менуваат поради војната со Иран.
Ситуацијата околу Ормускиот теснец и ескалацијата на Блискиот Исток доведуваат до раст на обемот на транспорт, изјави минатата недела во интервју Талгат Алдибергенов, главен извршен директор на „Казахстан темир жоли“ (Kazakhstan Temir Zholy). „Кинеските клиенти покажуваат поголем интерес за копнен транспорт наместо за поморски, поради сигурноста и предвидливите рокови за испорака.“
Промената на трговските текови ја нагласува сè поголемата важност на таканаречениот Среден коридор, транскасписката железничка рута што ги поврзува Кина и Европа. Железничката траса долга повеќе од 4.250 километри минува низ неколку држави, меѓу кои Азербејџан, Грузија и Турција, а најдолгиот дел е на територијата на Казахстан.
Прочитај повеќе
Инфраструктура или скапи станови – што ќе го движи македонското градежништво в година?
Податоците на статистиката за минатата и оваа година покажуваат дека не само што е поголем бројот на издадени одобренија за високоградба туку и вредноста на преведените објекти е значително пониска во делот на патната инфраструктура.
01.12.2025
Европската комисија со нова цел: брзи возови и пократко време за патување низ континентот
Планот што беше објавен вчера поставува цел сите главни центри во ЕУ до 2040 година да бидат поврзани со возови што ќе возат со брзина од најмалку 200 км/ч, при што многу од линиите ќе надминат и брзина од 250 км/ч.
06.11.2025
Италијанските железници ќе го тестираат „Старлинк“ на Маск за своите проекти
Италијанскиот државен железнички оператор „Феровие дело Стато Италијане СпА“ изјави дека можеби ќе го тестира „Старлинк“ на Илон Маск за идни проекти.
25.05.2025
До 2027 година Кина ќе има мрежа на „сребрени возови“, со комплет услуги за постари лица
Кина ќе отвори мрежа на туристички возови опремени со медицински и установи за нега на стари лица, со што во следната деценија ќе ја поттикне економијата со четири трилиони долари.
11.02.2025
Значењето на рутата во глобалниот транспорт дополнително порасна откако Кремљ испрати војници во Украина во 2022 година, по што многу компании почнаа да ги избегнуваат железничките врски што минуваат низ Русија. Обемот на товарен транспорт преку Средниот коридор оттогаш е зголемен за околу десет пати, според британската „Абрдн инвестментс“ (Abrdn Investments Ltd.).
Транскасписката меѓународна транспортна рута ги поврзува Кина и Европа преку железница и траекти.
Казахстан го претвори транспортот и логистиката во стратешки приоритет, а националната железница во клучен транзитен оператор. Вкупните инвестиции на „КТЖ“ во развој на инфраструктурата се очекува да достигнат 10 милијарди долари до 2030 година, при што околу половина од сумата веќе е потрошена, според Алдибергенов.
„Казахстан темир жоли“ (Kazakhstan Temir Zholy), познат како „КТЖ“, годинава гради 900 километри железнички линии, вклучително и новата рута Ајагоз-Бахти кон Кина, долга 300 километри, со што земјата ќе добие трет железнички граничен премин со источниот сосед. По завршувањето на проектите, железничкиот капацитет меѓу Казахстан и Кина се очекува да достигне 100 милиони тони до 2030 година, во споредба со сегашните 55 милиони тони, изјави Алдибергенов.
Проширувањето на Средниот коридор исто така забрзано напредува. Во првиот квартал преку рутата сообраќале околу 173 возови, при што секој превезувал по 55 контејнери со различни видови товар. Целта за целата година е 600 возови, а бројката следната година би можела да порасне за дури 67 отсто, според првиот човек на КТЖ.
Железничката компанија, која размислува за котација на берзите во Лондон или Хонг Конг уште оваа година, го посочи Каспиското Море како едно од главните тесни грла на Средниот коридор поради недостиг од бродови. За да го надмине проблемот, КТЖ вложува повеќе од 100 милиони долари за набавка на шест бродови, меѓу кои четири ќе ги изгради кинеската „Џангсу Хантонг груп“ (Jiangsu Hantong Group), а два азербејџанската „Баку шипјард“ (Baku Shipyard), при што испораките треба да почнат следната година, изјави Алдибергенов.
Бродовите се потребни за транспорт на товар преку Каспиското Море од казахстанските пристаништа Актау и Курик, кои сега се под контрола на КТЖ, до Баку, по што стоката продолжува преку Грузија и Црното Море кон Европа. Во проширувањето учествува и „ЧРКТ“ (China Railway Container Transport Corp) со цел зголемување на товарниот сообраќај.
Казахстан потпиша долгорочни договори со американската „Вабтек“ (Wabtec) и француската „Алстом“ (Alstom) за испорака на локомотиви, вклучително и 300 локомотиви од американскиот производител во следната деценија, додека земјата настојува да избегне недостиг и да го зголеми железничкиот капацитет. „КТЖ“ потпиша договори и со кинеска компанија за испорака на 270 локомотиви.
„КТЖ“ го проширува и терминалскиот капацитет во Кина и Европа. Компанијата во 2020 година купи терминал во пристаништето Сиан, со што доби пристап до центар преку кој минуваат околу 40 отсто од сите контејнерски возови што патуваат од Кина кон Европа преку Казахстан.
Во моментов се водат разговори за купување контејнерски терминали во Романија, Унгарија и Германија, а паралелно се разгледува и заеднички проект во кинеската провинција Ченгду. Проектот би комбинирал инвестиција во кинески терминал со изградба на земјоделски контејнерски центар во казахстански Кокшетау за зголемување на извозот кон Кина, посочува Алдибергенов.
Воздушниот товарен транспорт се смета за уште една перспективна област за проширување, а „КТЖ“ планира до крајот на годината да го набави првиот карго-авион, додека подготвува поширок развоен план за дополнителни набавки во следните три години, изјави Алдибергенов.
Казахстан, исто так, е дел и од таканаречената рута Север-Југ меѓу Русија и Иран, иако сообраќајот неодамна е намален, рече Алдибергенов. Во меѓувреме, контејнерскиот транспорт меѓу Кина и Иран преку Казахстан во 2025 година е повеќе од четирикратно зголемен, на околу 4.600 контејнери, а годинава се очекува дополнителен раст, според него.