Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да ја прекине трговијата со масло за јадење со Кина, внесувајќи нови тензии во односите меѓу двете најголеми економии во светот.
Во вторникот Трамп го претстави можниот потег како одмазда кон Пекинг поради одбивањето да купува американска соја, што тој го нарече „економски непријателски чин“ насочен кон создавање тешкотии за американските земјоделци.
„Размислуваме да ја прекинеме соработката со Кина во делот на маслото за јадење и други трговски сегменти, како одмазда. На пример, лесно можеме сами да произведуваме масло за јадење, нема потреба да го купуваме од Кина“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Прочитај повеќе

Кина враќа: Го суспендира увозот на трупци и соја од три американски фирми
Се разгорува трговската војна.
04.03.2025

Гориво на иднината: Соја со поголема содржина на масло
Цената на маслодајните семиња на светскиот пазар генерално зависи од масата и од локацијата.
04.01.2024

Ќе возиме ли на масло од пржени компирчиња?
Германците наскоро ќе возат на дизел гориво што во целост е направено од искористено масло за јадење.
05.12.2023

Главното кинеско оружје во трговската војна со САД - батерии
Кина можеби се соочува со ограничувања за пристап до напредни чипови од САД, но токму енергијата е најголемото „тесно грло“ за американската ИТ инфраструктура...
12.10.2025

Нов трговски земјотрес: Трамп се закани со 100% царини за Кина
Американскиот претседател најави високи царини за Кина од 1 ноември, како одговор на кинеската закана за извозни ограничувања.
11.10.2025
Бенчмарк индексот S&P 500 премина во негатива откако изјавите на Трамп повторно ги разгореа трговските тензии со Кина. Само неколку часа претходно, и Трамп и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изразија уверување дека разликите ќе се намалат преку тековните разговори. Акциите на „Банџ глобал“ (Bunge Global SA), најголемиот светски преработувач на маслодајни култури, и на конкурентниот трговец со земјоделски производи „Арчер-Даниелс-Мидланд“ (Archer-Daniels-Midland Co.) скокнаа по објавата, анулирајќи ги претходните падови.
Таканареченото користено масло за јадење (UCO) минатата година стана спорна тема во САД, откако увозот што се користи за производство на обновливо дизел-гориво предизвика загриженост дека американските производители на соја губат побарувачка. Според податоците на Министерството за земјоделство, увозот од Кина достигнал рекордно ниво во 2024 година.
Администрацијата на Џо Бајден презеде мерки за да го намали приливот на евтино увезено масло, така што увозниците повеќе не можат да добиваат даночни олеснувања за обновливи горива. Годинава и Трамп најави слични потези за ограничување на увозот, што наиде на поддршка од Американската асоцијација на производители на соја и други земјоделски организации.
Изјавите на Трамп во вторникот дојдоа во момент кога земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени на културите, додека Кина продолжува да избегнува купување американска соја. Администрацијата вети финансиска помош за да ја ублажи загубата на земјоделците, но таа е блокирана поради затворањето на федералната влада. Сепак, многу од нив нагласуваат дека повеќе би сакале трговски договор со Кина отколку државна помош.
Настаните од вторникот ја илустрираат нестабилноста што ги обележува односите меѓу САД и Кина откако Трамп се врати во Белата куќа, со што инвеститорите остануваат во неизвесност од можен целосен трговски судир. Грир ја зголеми надежта дека преговорите за царините сè уште се во тек, велејќи дека високи претставници од Вашингтон и Пекинг разговарале во понеделникот и дека Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг сè уште имаат „планиран термин“ за средба кон крајот на октомври.
Bloomberg
И Трамп беше оптимист дека може да се постигне позитивен исход.
„Имаме фер односи со Кина и мислам дека сè ќе биде во ред. А ако не биде, и тоа е во ред“, изјави Трамп пред новинарите во вторникот во Белата куќа. „Во моментов се разменуваат многу удари, но ние сме доста успешни.“
Овие изјави накратко ги смирија пазарите, кои претходно реагираа со загриженост поради одлуката на Пекинг да воведе санкции за американските подружници на една јужнокорејска поморска компанија и да се закани со нови мерки против индустријата – најнов потег во низата меѓусебни одмазднички акции меѓу двете земји.
И САД и Кина се обидуваат да стекнат предност пред новиот круг трговски разговори со воведување нови ограничувања за извоз на ретки минерали и полупроводници – материјали што се во срцевината на нивниот трговски спор. Како одговор на последните кинески мерки, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителна царина од 100 отсто на кинеските производи до 1 ноември и спомена можност да ја откаже средбата со Шји Џјинпинг на самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (APEC) во Јужна Кореја.
„Дали состанокот ќе се одржи или не, не би сакал однапред да ветувам ништо – ниту од наша ниту од кинеска страна – но сметам дека секогаш има смисла луѓето да разговараат кога можат“, изјави Грир во врска со средбата.
Дали царината од 100 отсто ќе стапи во сила, „во голема мера зависи од тоа што ќе направи Кина“, додаде тој. На почетокот на годинава САД и Кина постигнаа примирје околу царините, откако претходната ескалација доведе американските давачки за кинеските производи да се искачат и до 145 отсто. Последното продолжување на тој договор истекува на 10 ноември.
„Нашиот договор беше дека ќе ги задржиме ниски царините доколку вие продолжите со извозот на ретки минерали. Сега тие велат дека ќе воведат поголема контрола врз ретките минерали и финалните производи. Па затоа е логично повторно да ги зголемиме царините“, изјави Грир.