text size
Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и други земји од Азија се директно најпогодени од иранската блокада на поморскиот транспорт на нафта преку Ормускиот теснец која следуваше откако Израел и САД извршија напад врз една од најголемите земји во Персискиот залив. Како што објави „Блумберг њуз“, станува збор за клучен проток за пазарот на нафта, поради тоа што низ него се одвива околу една четвртина од светската поморска трговија со нафта.