text size
Бран на намалување на бројот на котирани компании има во изминатиов период на берзите во регионот Адрија, кој од ден на ден се чини дека зема сè поголем замав. Некои од компаниите самоволно се повлекуваат, а некои од нив се исклучени од котација поради стечај. Од друга страна, речиси нема нови компании што се заинтересирани за собирање пари преку трансформација во акционерски друштва односно излегување на пазарот на капитал.