text size
Како да се распределат средствата за да се заштити инвестициското портфолио во период на огромна нестабилност на пазарите предизвикана од војната во Иран и драстичниот раст на цената на нафтата што следуваше поради прекинот на транспортот низ Ормускиот Теснец е прашање кое ги мачи и малите и големите инвеститори насекаде во светот. Прашањето дополнително добива на тежина ако се земе предвид дека понатамошното пролонгирање на воените дејствија на Блискиот Исток речиси сигурно ќе донесе раст на инфлацијата, затегнување на монетарните политки и можна рецесија. Во време кога има предуслови за ваква повеќеслојна криза, повеќето аналитичари препорачуваат да не се бркаат лесни добивки на пазарите на капитал туку инвестициското портфолио да се гради на долг рок врз основ на продлабочени анализи за работењето на компаниите.