text size
Голем број македонски граѓани што се љубители на чоколадо, колачи, бонбони и други кондиторски производи ќе треба да се откажат од „слатките навики“ или барем да намалат со консумацијата на овие производи ако сакаат да го зачуваат семејниот буџет на исто ниво како пред една година. Имено, растот на просечната плата во изминатава година ни оддалеку не може да го покрие континуираното зголемување на цените на „благите производи“. Иако инфлацијата во јули годинава забави на 8,4 проценти, цените на шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи се зголемија за 0,5 проценти. Истражувавме што се крие зад ваквиот раст на цените.