Поголемиот дел од глобалните царини на претседателот Доналд Трамп беа прогласени за нелегални од Федералниот апелациски суд, кој утврди дека тој ги пречекорил своите овластувања при нивното наметнување, но судиите дозволија царините да останат на сила, враќајќи го случајот назад во понискиот суд за понатамошна постапка.
Апелациониот суд на САД за Федералниот округ во Вашингтон денеска ја потврди претходната пресуда на Судот за меѓународна трговија дека Трамп погрешно се повикал на законот за вонредна состојба за да ги издаде царините. Но, апелациските судии го вратија случајот назад во понискиот суд за да утврдат дали се однесува на сите засегнати од царините или само на страните вклучени во случајот.
Петочната пресуда ја продолжува неизвесноста околу тоа дали царините на Трамп на крајот ќе важат. Се очекуваше случајот следно да оди во Врховниот суд за конечна одлука. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар за пресудата.
Прочитај повеќе

ЕУ предлага укинување на царините за американски производи по барање на Трамп
ЕУ усвои нацрт-регулативи за укинување царини за американски стоки, додека САД ветуваат намалени давачки за автомобили ретроактивно од 1 август.
29.08.2025

Мексико ќе ги зголеми царините за Кина поради притисокот од Трамп
Зголемувањето на царините се очекува да важи за увозот на автомобили, текстил и пластика
28.08.2025

Трамп воведе 50 отсто царини за Индија, ги наруши односите со Моди
Царините од 50 отсто отворија нова фаза на несогласувања меѓу САД и Индија, отворајќи пат за нови геополитички сојузи на Њу Делхи.
27.08.2025

Трамп најави извозни ограничувања и царини како одмазда за дигиталниот данок
Се отвора нова фаза во трговската конфронтација.
26.08.2025

ЕУ и САД ги утврдуваат следните чекори за царините
ЕУ и САД најавија намалување на царините за автомобилите и отворија можност за олеснувања за металите, како дел од поширок договор за трговија.
22.08.2025
Царински галиматијас
Ќе биде ли попусто целиот галиматијас што го направи претседателот Доналд Трамп, кој во желбата да ја реструктурира глобалната трговија во корист на САД воведе таканаречени „реципрочни“ царини кон повеќе земји во светот, како и други давачки што го ограничуваат слободниот проток на стоки, е прашање што добива на актуелност со оглед на најновата пресуда на Федералниот апелациски суд. Извесно е дека американската администрација ќе се жали до Врховниот суд, кој ќе го има последниот збор по ова прашање.
Кратка историја на правната битка
Судот за меѓународна трговија на САД на 28 мај пресуди дека огромно мнозинство давачки на Трамп биле издадени нелегално и нареди нивно блокирање. Тој одлучуваше по тужбите на пет мали американски бизниси и 12 американски држави предводени од демократите. Трговскиот суд со седиште во Њујорк заклучи дека Трамп погрешно се повикал на Законот за вонредни состојби за да ги оправда царините.
Само еден ден подоцна, Федералниот апелациски суд ѝ даде на администрацијата на Трамп привремено одложување на пресудата и последователно одлучи дека царините може да останат во сила додека не го разгледа случајот.
Трамп е прв претседател што Законот за вонредни состојби го користи за воведување нови царини/Извор: Блумберг
Судиите на Апелацискиот суд одржаа рочиште на крајот на јули годинава, на кое ги сослушуваа аргументите во два случаи. Како што објави „Ројтерс“, судиите го притиснаа владиниот адвокат Брет Шумате да објасни како Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA) од 1977 година, кој историски се користи за санкционирање непријатели или замрзнување на нивните средства, му дал на Трамп овластување да воведува царини. Шумате рече дека законот му дозволува на претседателот да има „вонредни“ овластувања во вонредна состојба, вклучувајќи ја и можноста целосно да го запре увозот. Според Трамп, првиот претседател што го искористи IEEPA за воведување тарифи, тие се одговор на постојаните трговски дисбаланси во САД и намалувањето на производствената моќ на САД.
Од друга страна, државите и бизнисите што ги оспоруваат тарифите тврдеа дека тие не се дозволени според IEEPA и дека Уставот на САД му дава на Конгресот, а не на претседателот, овластување за тарифи и други даноци.
Кога и кои царини би можеле да бидат укинати?
Одлуката на Федералниот апелациски суд значи потврдување на одлуката на понискиот суд, што е чекор напред кон укинување на „реципрочните“ тарифи што Трамп ги објави на 2 април за увоз од речиси 60 земји, кои потоа беа паузирани на три месеци, а некои од нив беа и модифицирани. Исто така, одлуката се однесува и на посебните тарифи наметнати на стоки од Кина, Канада и од Мексико.
Пресудата не би требало да влијае на секторските давачки наметнати со користење различни правни основи, како што се царините за челик, алуминиум и автомобили, воспоставени со искористување на членот 232 од Законот за проширување на трговијата од 1962 година. Овие тарифи зависеа од истрагата на Министерството за трговија, која заклучи дека увозот на такви производи претставува ризик за националната безбедност. Администрацијата на Трамп ги постави темелите за целење на фармацевтските производи и полупроводниците, меѓу другото, со тарифите од членот 232. Пресудата на трговскиот суд исто така не влијае на тарифите наметнати според членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, кој дозволува даноци врз основа на нефер трговски практики.
Иако Федералниот апелациски суд ја потврди одлуката на трговскиот суд, тоа не значи дека новите тарифи ќе бидат веднаш да бидат укинати. Сега топката се прфрла кај Врховниот суд. Ако на крајот највисокиот суд исто така донесе одлука против царинската политика на Трамп, тогаш се отвора простор бизнисите да бараат поврат на средствата платени поради незаконско зголемување на царините.
Пазарите сакаат предвидливостГлобалните пазари сѐ уште се справуваат со огромната неизвесност што ја предизвикуваат променливите политики на американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп, кој буквално на дневна основа воведува нови царини и ограничувања во обид да ги репозиционира САД во светската трговија, а често ретерира од своите одлуки и ги пролонгира зададените рокови за новите давачки како тактика да наметне преговори што би завршиле во корист на неговата земја. Засега ваквата економска политика не им оди во прилог на пазарите односно инвеститорите, кои пред сѐ сакаат предвидливост кога носат одлуки каде да ги вложат своите пари. Тоа го покажува и анализата на движењето на вредноста на најважните класи на средства од почетокот на мандатите на последните четири американски претседатели. Речиси сите средства имаат подобри резултати во првите двесте и нешто дена од мандатите на поранешните претседатели Барак Обама и Џо Бајден, па дури и во првиот мандат на Трамп, отколку во истиот број денови од неговиот актуелен мандат. Целосната анализа ќе можете да ја прочитате во понеделник на „Блумберг Адрија“. |
Со помош на Ерик Ларсон, Зои Тилман, Боб Ван Ворис и Грег Штор/Блумберг
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...