„Џими Кимел лајв!“ (Jimmy Kimmel Live!) ќе се врати на програмата во вторник, откако емисијата беше суспендирана од „Волт Дизни“ (Walt Disney Co.) поради контроверзните изјави на водителот на Еј-би-си (ABC) во доцната вечерна програма за убиството на републиканскиот активист Чарли Кирк.
„Последниве денови имавме внимателни разговори со Џими и по тие разговори донесовме одлука емисијата да се врати во вторник“, се наведува во соопштението на матичната компанија на Еј-би-си.
Кимел ќе се осврне на скандалот при враќањето, велат извори запознаени со ситуацијата. Тој лично ги договарал условите со извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер, и со Дана Волден, копретседателка за забавна програма во Еј-би-си.
Прочитај повеќе

„Дизни“ изненади со заработката, акциите скокнаа
Компанијата „Волт Дизни“ во првиот квартал од фискалната година забележа подобри резултати од очекуваните.
08.02.2024

Обожавателите на „Аватар“ и „Војна на ѕвездите“ ќе чекаат со години за нови филмови
Компанијата „Волт Дизни“ во вторникот го ажурираше распоредот на филмови и откри дека откажала некои големи наслови дури за три години.
14.06.2023

Илјадници нови откази во „Дизни“
Се делат околу 4.000 откази во рамките на втората од вкупно три предвидени рунди на отпуштања.
24.04.2023

Со масовните откази си отиде и директорот на „Дизни стриминг тех“
Извршниот директор на „Дизни“ целосно ја реструктурира најголемата компанија за забава во светот.
12.02.2023

Крај на слободата на медиумите во САД – кој е следен по Колберт и Кимел
Од „Џими Кимел лајв!“ до „Лејт шоу“, медиумите во САД стануваат цел на притисокот на Трамп, додека социјалните мрежи што ги контролира добиваат поголема слобода.
20.09.2025

Трамп врши притисок врз медиумите: Суспензијата на Кимел отвора прашања за слободата на говорот
Трамп изнуди серија сериозни отстапки од најголемите медиумски куќи во светот.
19.09.2025

„Дизни“ го повлече „Кимел лајв“ поради коментарите на водителот за Чарли Кирк
„Дизни“ ја суспендира емисијата на Џими Кимел поради изјавите за Чарли Кирк, отворајќи нов фронт на политички притисоци и медиумски тензии во САД.
18.09.2025
Одлуката на „Дизни“ да ја суспендира емисијата следуваше по притисок од федералната влада и од независните оператори на станици на Еј-би-си. Брендан Кар, републиканскиот претседател на Федералната комисија за комуникации ФЦЦ (Federal Communications Commission), ги критикуваше изјавите на Кимел во еден поткаст и предупреди дека компанијата ризикува да остане без лиценци за емитување, закана што ја повтори и американскиот претседател Доналд Трамп.
Во меѓувреме, „Синклер“ (Sinclair Inc.), најголемиот сопственик на телевизиски станици на Еј-би-си, синоќа соопшти дека и понатаму нема да ја прикажува емисијата на Кимел во своите термини и наместо тоа ќе емитува информативна програма.
„Разговорите со Еј-би-си се во тек додека ја оценуваме можноста за враќање на емисијата“, се наведува во соопштението на компанијата објавено на Х.
Мрежата ја повлече емисијата на 17 септември, два дена откако Кимел (57) изјави дека конзервативците се обидуваат да извлечат политички поени од убиството.
„Викендов паднавме на ново дно со МАГА-групата што се обидува да го прикаже момчето што го уби Чарли Кирк како нешто поинакво од нив, правејќи сè за да извлечат политички поени“, рече Кимел во својот монолог на 15 септември.
Наскоро потоа, двајца големи сопственици на станици на Еј-би-си, „Некстар медија груп“ (Nexstar Media Group Inc.) и „Синклер“, најавија дека ќе ја повлечат емисијата од програмата поради коментарите на Кимел.
„Минатата среда ја донесовме одлуката да ја суспендираме продукцијата на емисијата за да избегнеме дополнително разгорување на напнатата ситуација во еден емотивен момент за нашата земја“, соопшти „Дизни“ во понеделникот. „Одлуката ја донесовме бидејќи сметавме дека некои од изјавите беа несоодветни и недоволно чувствителни во тој момент.“
Телевизиската индустрија ја повикува ФЦЦ да ги олесни ограничувањата за сопственост на станици и да дозволи поголема консолидација. „Некстар“ е во процес на купување на ривалската телевизиска компанија „Тегна“ (Tegna Inc.) во договор вреден 6,2 милијарди долари, кој ќе бара одобрување од ФЦЦ.
Ниту „Некстар“ ниту ФЦЦ не одговорија на барањата за коментар.
Одлуката за суспензија на Кимел предизвика осуда во креативната заедница во Холивуд. Поранешниот извршен директор на „Дизни“, Мајкл Ајснер, креаторот на „Андор“, Тони Гилрој, и кокреаторот на „Изгубени“, Дејмон Линделоф, беа меѓу оние што ја критикуваа одлуката.
Дополнително, двајца републикански сенатори, Тед Круз од Тексас и Ренд Пол од Кентаки, ги нападнаа постапките на претседателот на ФЦЦ, при што Круз го обвини Кар за „мафијашки“ тактики.
Членката на ФЦЦ Ана Гомез, единствената демократка во регулаторното тело, изјави дека е „задоволна што ‘Дизни’ ја покажа својата храброст пред очигледната владина заплашувачка тактика“.
Во последниве години конзервативците го напаѓаат „Дизни“ дека е премногу „woke“ (термин што во САД се користи за претерана политичка коректност и нагласени политики за разновидност и инклузија). Компанијата ѝ ја довери главната улога на актерка со темна боја на кожа во римејкот на „Малата сирена“ (The Little Mermaid) и прикажа бакнеж меѓу двајца мажи во „Светлосна година“ (Lightyear), продолжението на „Приказна за играчките“ (Toy Story), потези што предизвикаа голем број поплаки.
Ајгер призна дека „Дизни“ се оддалечил од својата раскажувачка традиција. Затоа ги приспособи политиките за разновидност, еднаквост и инклузија и минатата година постигна судска спогодба со Трамп.
Договорот на Кимел со „Дизни“ истекува во мај 2026 година. Поранешниот радиоводител ја води „Џими Кимел лајв!“ од 2003 година. Освен своето главно шоу, тој има и други ангажмани со „Дизни“, меѓу кои водење на „Оскарите“ (Oscars), редовни настапи на годишните презентации на компанијата пред нејзините рекламни партнери и водење на новата верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“ (Who Wants to Be a Millionaire?).
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...