text size
Забрзување на растот на пролонгираните кредити имало во минатата година во Македонија, што може да биде потенцијален извор на ризик, укажува Народната банка во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за 2022 година. Во него се истакнува дека ризикот е особено изразен доколку пролонгирањето се користи како начин за олеснување на должничкиот товар на компаниите што немаат одржливи оперативни парични текови или имаат тешкотии во задржувањето на својата конкурентска способност на пазарот.