text size
Златото остана најбезбедното засолниште за инвеститорите по објавувањето на долгонајавуваните царини на Трамп. Трката по нов дневен рекорд продолжува, што има позитивно влијание на салдото на златните резерви на централните банки. Златните резерви на Народната банка на Македонија од 2019 година до февруари годинава се зголемија повеќе од двапати, односно од 256 милиони евра на 605 милиони евра.