text size
Групацијата БМЗ, која денеска постави камен-темелник во Технолошко-индустриската зона во Скопје, е глобален играч во производството на литиум-јонски системски решенија. На компанискиот профил на социјалната мрежа Линкдин е наведено дека седиштето е во Германија, свои производствени капацитети има во Кина и Полска, а канцеларии и во САД, Јапонија, Велика Британија и Франција.