text size
Во Хрватска денеска се случува голем бојкот на продавниците, трговските синџири и бензиските станици поради незадоволството на граѓаните од растот на цените. Како што пишува „Блумберг Адрија“, после неколкумесечен пад на цените, тие повторно почнаа да растат. Граѓаните се особено чувствителни на поскапувањето на храната, каде што Хрватска е меѓу рекордерите во ЕУ. Најголем раст на цените на прехранбените производи има во Кипар (7,8 проценти), Летонија (5 проценти), па Хрватска (4,7 проценти).