Владата го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година со кој се врши зголемување на проектираните средства на приходната и на расходната страна за околу еден процент. Имено, вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари (5,8 милијарди евра), а вкупните расходи се планира да изнесуваат 403,7 милијарди денари (6,5 милијарди евра). Проекцијата за растот на БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.
Добро утро, ова се петте најважни вести за почеток на денот.
Ново лето, нов акциски план и стара неподготвеност за справување со пожари
Минатиот месец е прогласен за втор најтопол мај на глобално ниво досега, а пролетта оваа година била исклучително сува, покажуваат податоците на Службата за климатски промени „Коперник“. Мерењата покажуваат дека просечната температура на површинскиот воздух во мај 2025 година изнесувала 15,79°C, што е 0,53°C над просекот за овој месец од 1991 – 2020 година и 1,4°C повисока од проценетото просечно ниво за прединдустрискиот период (1850 – 1900).
И почетокот на јуни донесе температурни рекорди. Топлотниот бран кој ја зафати Европа на почетокот на овој месец ги донесе првите температури над 40 степени во Шпанија и Португалија. На Балканот температурите на некои места (меѓу кои и Скопје) стигнаа до 37 степени. Ваквите температури го будат стравот дека и 2025 година ќе биде рекордно топла како што беа претходните две. Минатата година беше прва кога просечната температура ја надмина границата 1,5°C во споредба со прединдустриските нивоа.
Растот на центрите за податоци е неодржлив без зелена енергија
Прашањето за снабдување со енергија станува едно од клучните во развојот на вештачката интелигенција (ВИ). Моделите како ЧетГПТ (ChatGPT) веќе не зависат само од податоците и компјутерската моќ туку и од достапноста на енергија. Како што растат дата-центрите, а сè повеќе услуги се префрлаат во облак (англ. cloud), потрошувачката на енергија нагло расте – често побрзо отколку што мрежите можат да ја следат.
Во свет што сè побрзо се дигитализира, дата-центрите станаа невидлива инфраструктура без која денешниот живот не би бил можен. Обично се сместени во индустриски зони, далеку од очите на јавноста, но придвижуваат речиси сè – од модели на ВИ и системи во облак до секојдневни дигитални услуги. Како што расте дигиталниот свет, така расте и апетитот за електрична енергија. Последниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) предупредува дека до крајот на деценијата потрошувачката на струја во дата-центрите би можела да достигне 945 терават-часа – речиси двојно повеќе од денес и повеќе од целокупната потрошувачка на Јапонија.
РКЕ вонредно ги зголеми цените на дизелот и маслото за горење
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 проценти во однос на одлуката од 16.06.2025 година.
Оттаму информира дека од полноќ малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден по литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,149 денари по килограм. Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат.
Кои се моќните бомби што Трамп може да ги употреби ако САД го нападнат Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп располага со широк спектар на воени ресурси на Блискиот Исток и низ светот, кои може да ги ангажира во потенцијален судир со Иран, додека размислува за една од најважните надворешнополитички одлуки на својата администрација.
Тој арсенал вклучува разорни бомби, стелт-бомбардери со долг дострел, група на носач на авиони, воени разурнувачи на морнарицата и американски трупи — што му нуди на Трамп повеќе опции доколку реши да интервенира подиректно во поддршка на Израел. Некои ресурси, како бомбардерите Б2 (B-2), се наоѓаат во САД, додека други се веќе во регионот или се на пат.
Бред Пит е брилијантен во новиот филм за Формула 1
Кога отидов на проекцијата на „Ф1: Филмот“ (F1: The Movie), многу малку знаев за Формула 1 како спорт. Го препознав името на Луис Хамилтон, еден од продуцентите на филмот, затоа што годинава беше еден од домаќините на „Мет Гала“.
Бидејќи ја немам гледано „Формула 1: Вози до преживување“ (Formula 1: Drive to Survive) на Нетфликс, мојата главна асоцијација беше Саша Барон Коен, кој намерно го имитира францускиот акцент во „Ноќи во Таладега: Баладата за Рики Боби“ (Talladega Nights: The Ballad of Ricky Bobby). И покрај моето незнаење, филмот „Ф1“ ме натера да се почувствувам како вистинска обожавателка на октанскиот спорт.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...