text size
И додека меѓународната заедница се обидува да ги стабилизира пазарите на нафта и други суровини, нема знаци за примирје во Персискиот Залив. Војната дополнително ескалираше откако Иран започна нови напади врз цели во Израел и Обединетите Арапски Емирати. Од друга страна, Израел и САД продолжуваат да напаѓаат стратешки цели во Исламската Република.