text size
Европските домаќинства плаќаат повеќе отколку кога било за своите сметки за струја и природен гас, иако владите трошат милијарди за да ги заштитат потрошувачите од енергетска криза. Просечната малопродажна цена на гасот во Европската Унија (ЕУ) и во Велика Британија беше речиси 0,18 евра по киловат во октомври, што е двојно повеќе отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците на енергетската консултантска куќа „ВасаЕТТ“ (VaasaETT Ltd.).