text size
Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети за прв пат по повеќе од една година, бидејќи проценува дали преку историската серија зголемувања ќе успее да ја намали инфлацијата. По минатомесечната одлука да се подигне депозитната стапка на рекордни четири проценти, креаторите на политиката денеска решија да ја остават на исто ниво, што е во согласност со предвидувањата на сите економисти анкетирани од „Блумберг“ и со предвидувањата на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.