text size
Македонија веќе долго се соочува со недостиг од работна сила, а тој проблем секојдневно станува сѐ поизразен. Додека се анализира дали е покорисно да се преквалификуваат многуте невработени во земјава или да се отворат квотите за увоз на работници, со цел да се намали јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот, Обединетите нации, но и други организации, сѐ погласно укажуваат на двојната корист од вработувањето на бегалците. Од една страна државата нема да се грижи за нив, од друга тие ќе бидат самостојни, ќе работат и ќе придонесуваат со придонеси и даноци во буџетот. Истовремено ќе бидат од корист и за бизнис-секторот.