text size
Банките очекуваат поостри услови за одобрување кредити на компаниите, а мало олеснување на условите за кредитирање на домаќинствата, покажуваат резултатите од новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Анкетата укажува на поумерено нето-заострување на условите за одобрување корпоративни кредити во првото тримесечје од годинава споредено со претходната анкета.