Македонските банки очекуваат засилено нето-олеснување на кредитните услови за компаниите, при посилно нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити во четвртиот квартал на 2024 година, покажува новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Тие исто така очекуваат нето-олеснување на кредитните услови за домаќинствата и зголемување на побарувачката на кредитите за население.
Повеќе банки не ги промениле кредитните услови во третиот квартал
Во третиот квартал на 2024 година, анкетата укажува на натамошно олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но малку поумерено во споредба со претходниот квартал.
Прочитај повеќе
Наскоро пресврт во Македонија: Ќе имаме електронски пари и електронски паричник
Освен банките, во улога на даватели на платежни услуги може да се јават и штедилниците, платежните институции, институциите за електронски пари, како и т.н. финтек-сектор.
13.11.2024
Народната банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,8 проценти
Според централната банка, одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата.
23.10.2024
Нов раст на банкарските провизии и надоместоци
Нето-приходите од надоместоци и провизии се зголемиле за над 7 отсто до март.
10.10.2024
Како и зошто банките ја зголемуваат националната референтна каматна стапка?
Националната референтна камата е на највисоко ниво од 2018 година.
25.10.2024
„Сепак, голем процент од банките (околу 78 проценти) укажуваат на непроменети кредитни услови. Нето-олеснувањето на условите за кредитирање на претпријатијата во третиот квартал е во согласност со очекувањата за нето-олеснување дадени од банките во претходната анкета, но многу посилно“, наведуваат од Народната банка.
Анализирано од аспект на поединечните услови за кредитирање на претпријатијата, во третиот квартал на годината банките укажуваат дека кај каматната стапка и некаматните приходи се забележува нето-олеснување, при нето-заострување кај барањата за обезбедување и големината на заемот или на кредитната линија. Кај условот достасување на заемите не се забележува промена во однос на претходната анкета.
Од аспект на факторите од групата „трошоци на финансиските средства и ограничувања на билансот на состојба“, може да се забележи дека факторот „ликвидносна позиција на банката“ придонесува за мало нето-олеснување на кредитните услови, додека факторите „трошоци поврзани со капиталната позиција на банката“ и „пристап на банката до пазарното финансирање“ придонесуваат за нивно нето-заострување. Од групата „притисок од конкуренцијата“ кај факторите „конкуренција од други банки“ и „конкуренција од пазарно финансирање“ се забележува нето-олеснување на кредитните услови. Притоа, во рамките на групата „согледување на ризикот“, факторот „очекувања на вкупната економската активност“ и понатаму придонесува за нето-олеснување на кредитните услови, додека факторите „очекувања за перспективата на гранката на која ѝ припаѓа претпријатието и на перспективата на поединечните фирми“ и „ризикот од неизвршување на обезбедувањето“ придонесуваат за нето-заострување на кредитните услови.
Незначително влијание на монетарната политика
Од аспект на влијанието на монетарната политика врз условите за кредитирање на корпоративниот сектор во третиот квартал од годината, околу 20 проценти од банките укажуваат дека промените во монетарната политика влијаеле делумно врз нивната каматна политика (35 проценти во претходниот квартал).
„Околу 68 проценти од банките укажуваат на нејзино незначително влијание (51 проценти во претходната анкета). Во оваа анкета, околу 12 проценти од банките одговориле дека промените во монетарната политика не влијаеле врз нивната каматна политика (слично како и во претходната анкета од околу 13 проценти)“, информираат од Народната банка.
Во третиот квартал на 2024 година, анкетата укажува на нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити, слично како и во претходниот квартал.
„Зголемувањето на побарувачката во третиот квартал е послабо од очекувањата за нетозголемување наведени во претходната анкета. За четвртиот квартал од 2024 година, банките очекуваат засилено нето-зголемување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата“, наведуваат од Народната банка.
Анализирано од аспект на факторите коишто влијаат врз побарувачката на корпоративните кредити, може да се забележи дека сите фактори од групите поврзани со „потребите од финансирање“ (инвестиции во основни средства, инвестиции во залихи и обртен капитал и преструктуирање на долгот) придонесуваат за нето-зголемување на кредитната побарувачка.
Од друга страна, во групата „употреба на алтернативно финансирање“, факторите „интерно финансирање“ и „издавање сопствени хартии од вредност“ придонесуваат за нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити, додека факторот „заеми од останатите банки“ придонесува за нето-намалување.
Се олеснуваат кредитните услови за домаќинствата
Во текот на третиот квартал од 2024 година, банките укажуваат на натамошно нетоолеснување на вкупните кредитни услови кај домаќинствата, слично како и во претходниот квартал.
„Нето-олеснувањето на кредитните услови во третиот квартал е посилно во споредба со очекувањата на банките за овој квартал дадени во претходната анкета. За четвртиот квартал од 2024 година, банките очекуваат натамошно, но поумерено олеснување на кредитните услови кај вкупните кредити на домаќинствата“, информираат од Народната банка.
Анализирано од аспект на поединечните кредитни услови, се забележува леснување кај каматните стапки на станбените и потрошувачките кредити.
„Кај станбените кредити, банките одговориле дека провизиите и натаму придонесуваат за нето-олеснување, додека мало нето-олеснување се забележува и кај останатите услови (обврски за обезбедување и покриеност на кредитот со обезбедување), при непроменетост кај достасувањата на заемите. Кај потрошувачките кредити, умерено нето-олеснување се забележува кај останатите кредитни услови“, посочуваат од Народната банка.
Во однос на факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити на домаќинствата, банките укажуваат дека „конкуренцијата од другите банки“ и натаму е главниот фактор којшто придонесува за нето-олеснување на кредитните услови кај станбените и кај потрошувачките кредити, посилно во споредба со претходниот квартал.
„Трошоците на финансиските средства и ограничувањата на билансот на состојба“ придонесуваат за нето-олеснување кај двата вида кредити. Од факторите од групата „согледување на ризикот“, кај повеќето фактори се забележува дека придонесуваат за нето-олеснување на условите и кај станбените и кај потрошувачките кредити, со исклучок само на факторот „кредитна способност на потрошувачите“, којшто придонесува за нетозаострување на кредитните услови кај двата вида кредити.
Во однос на факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити на домаќинствата, банките укажуваат дека „конкуренцијата од другите банки“ и натаму е главниот фактор којшто придонесува за нето-олеснување на кредитните услови кај станбените и кај потрошувачките кредити, посилно во споредба со претходниот квартал.
„Трошоците на финансиските средства и ограничувањата на билансот на состојба“ придонесуваат за нето-олеснување кај двата вида кредити. Од факторите од групата „согледување на ризикот“, кај повеќето фактори се забележува дека придонесуваат за нето-олеснување на условите и кај станбените и кај потрошувачките кредити, со исклучок само на факторот „кредитна способност на потрошувачите“, којшто придонесува за нетозаострување на кредитните услови кај двата вида кредити.
Од аспект на влијанието на промените на монетарната политика врз каматната политика на банките при одобрувањето кредити на домаќинствата, околу 37 проценти укажале дека промените во монетарната политика делумно влијаеле врз нивната каматна политика (24 проценти во претходната анкета).
„Истовремено, околу 30 проценти од банките укажале дека промените во монетарната политика незначително влијаеле врз нивната каматна политика во овој период (43 проценти во претходната анкета), додека околу 33 проценти од банките одговориле дека промените во монетарната политика не влијаеле врз каматната политика на банките (исто како во претходната анкета)“, информираат од Народната банка
Зголемена побарувачка за кредити од населението
Во третиот квартал на 2024 година, анкетата укажува на посилно нето-зголемување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, во споредба со претходниот квартал.
„Нето-зголемувањето на побарувачката на вкупните кредити на домаќинствата во овој квартал е во согласност со очекувањата дадени од страна на банките во претходната анкета. Во четвртиот квартал од 2024 година, банките очекуваат натамошно нето-зголемување на побарувачката на вкупните кредити од страна на домаќинствата“, информираат од Народната банка.