Постојаниот раст на каматните стапки, процес што започна со постојаното затегнување на монетарната политика, ја става на тест издржливоста на домашните компании. Значителниот раст на финансиските расходи значеше забавување на инвестициите и развојот на домашните компании.
Оваа ситуација дополнително ја отежнува континуитетот на криза, кој започна со пандемијата, на која се надоврза енергетската криза, која значително ги зголеми трошоците на компаниите. Каматните стапки на кредитните производи, затоа, во ова време станаа голем предизвик за компаниите, а тој процес најверојатно нема да заврши наскоро. Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе продолжи со затегнувањето, а таков процес се очекува и во земјава. За дел од компаниите растот на каматите е причина за намалена ликвидност, додека за дел значи застој во планот за инвестирање. Стопанствениците сметаат дека ако каматите се зголемат дополнително, тоа може да значи и пад на целокупната економија во земјава.
„Инфлацијата во нашата земја е увезена и ваквите политики на зголемување на каматните стапки или намалување на потрошувачката тенденција не се најсоодветни. Оваа методологија влијаеше негативно врз ликвидноста на бизнисот, бидејќи финансиските средства сега се поскапи и претставуваат поголем товар за истите тие. Сето тоа ќе се одрази врз нивната подготвеност за реинвестирање и раст, со што автоматски ќе се одрази и врз целокупната економска ситуација“, вели Дурим Зекири, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Прочитај повеќе

Кои се трите најголеми проблеми на македонските извозници?
Системско решение е повеќе од потребно за да имаме развиен извоз, кој ќе ѝ донесе на државата силен економски раст.
24.07.2023

Пристапот до финансии меѓу главните маки на домашните компании
Во справувањето со економската криза, меѓу главните предизвици на компаниите е обезбедувањето пристап до финансии...
17.07.2023

Објавени три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни претпријатија
Со овие повици се субвенционираат занаетчиските компании и женското претприемаштво.
06.06.2023

Народната банка одново ја покачи каматната стапка
Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени и сега таа е на ниво од 5,75 проценти.
10.05.2023

Двоцифрен раст на трошоците за труд: Трка за секој вработен
Номиналните трошоци за труд по единица производ забележале годишен раст од 13,6 отсто во последниот квартал лани.
19.04.2023

Каматите станаа тест за издржливоста на домашните компании
Компаниите тврдат дека ситуацијата станува сè потешка, а високите камати се сè поголем товар.
13.04.2023

Микро, малите и средните компании се најпогодени
Имајќи предвид дека овој сектор е доминантен и опфаќа повеќе од 90 отсто од сите претпријатија, нивното отежнато работење се прелева на целата македонска економија. „Зголемените каматни стапки ги одвраќаат компаниите од одлуките за набавка на нова опрема и развој на компанијата. За разлика од големите компании, кои не се толку зависни од кредитни производи, малите и средните компании во голем дел земаат кредит за да го реализираат планот за инвестирање. Проблем е и со оние компании што веќе имаат променлива каматна стапка, па зголемените камати им го отежнуваат навременото плаќање на обврските“, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавци.
Ангел Димитров/Приватна архива
Прогнозите на Сојузот на стопански комори се дека целокупниот промет на домашните компании е намален за 25 отсто, поради намалената куповна моќ на граѓаните. „Мора да се истакне дека кај многу мали компании е доведено во ризик и тековното работење поради зголемените трошоци во сите сегменти, односно кај платите и комуналните трошоци, а зголемувањето на каматите е дополнителен удар. „Имајќи предвид дека ќе се намали куповната моќ кај граѓаните со поголеми каматни стапки, дополнително во оваа мала економија ќе имаме и пад на целокупниот промет на стоки и услуги“, вели Габриела Кулебанова, потпретседателка на Сојузот на Стопански комори на Македонија.
Габриела Кулебанова/Приватна архива
Ефектите од агресивната монетарна политика најмногу ќе се рефлектираат во првиот квартал во 2024 година. За дел од економистите монетарната политика реагира во согласност до инфлациските движења, но на долг рок тоа може да го влоши економскиот раст на земјата. „Нема евтини пари на пазарот, кредитите се скапи, а со тоа се намалуваат куповната моќ на граѓаните и инвестициите на компаниите. Тоа загрижува многу, затоа што нашата и така кревка економска стабилност во државата ќе мора да се затегне со нови инвестиции или нови пари на пазарот, што значи дека ќе имаме намален економски раст, тренд што може да продолжи и во наредните години“, вели универзитетскиот професор Абил Бауш.
Последната одлука на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ беше донесена на 21 јуни, а со неа каматната стапка на благајничките записи се зголеми за дополнителни 0,25 процентни поени, до ниво од шест проценти.