text size
Долг е списокот на проблеми и ограничувања со кои се соочуваат македонските извозници. Бизнисот сака системски промени, а и поддршка од државата во смисла да се креира амбиент извозот да стане национален интерес. Во услови на драматични поместувања на глобалните економски текови, стабилен извоз може да гарантира и стабилен раст. Се разбира, во вакви времиња има многу ограничувања, особено контракциите на странската побарувачка, но ако решението е системско, тогаш потресите ќе бидат помали. Во оваа кратка анализа прашавме бизнисмени за тоа кои се трите најголеми проблеми со кои се соочуваат извозниците во земјава.