Збогум на работата оддома - вработените да се вратат на работа во канцеларија. Работодавците сè почесто го креваат гласот дека е време да се врати стариот начин на работа во канцеларија, наместо трендот за работа од далечина, кој, беше наметнат со појавата на пандемијата. Вработените пак, од друга страна, се согласни дека хибридниот модел на работа е идеален и не треба да се менува. Анализираме каква е состојбата во Македонија, се вратија ли вработените во канцеларија и колку уште работат од далечина?
ИТ-сектор
Овој сектор се покажа дека е најфлексибилен. Во текот на пандемијата 80 отсто од вработените во ИТ-секторот работеле оддома. Сега бројот е намален, но податоците покажуваат дека трендот на далечинското работење и натаму се практикува, потврдуваат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии- МАСИТ.
„Работата од далечина може да биде опасна за вашата кариера“, порачува извршниот директор на ИБМ.
03.05.2023
„ИТ-секторот е флексибилен во однос на работното време и во однос на тоа од каде се извршуваат работните обврски. Сега состојбата е 50-50, во зависност од самата компанија, но може да се каже дека голем некои од вработените во ИТ-секторот сами избираат кои денови и дали воопшто ќе работат во канцеларија или оддома“, велат оттаму.
Речиси 55 отсто од вработените во ИТ-секторот го избираат хибридниот модел на работа оддома и од канцеларија, ако веќе имаат слобода сами да одберат кој ден да работат оддома, а кој ден од канцеларија. Во некои фирми сепак има задолжителни денови во кои мора да работат во деловните објекти.
„Анализите покажале дека вработените се попродуктивни кога работат од далечина, затоа овој модел нема потреба воопшто да се менува“, вели Марина Домазетовска, маркетинг-менаџерка во „Сеавус“.
Марина Домазетовска/Приватна архива
„Како сектор многу инвестираме во работата и животниот баланс, па оттука се радуваме кога вработените почесто доаѓаат во канцеларија, бидејќи социјализацијата е суштинска за доброто работење. Но хибридниот модел е поефективен и работодавците не планираат да го менуваат“.
Фриленсери
За работа оддома лидери се фриленсерите, индивидуи што практикуваат модел на работа што сè повеќе зема замав и во светот и кај нас. Глобалните предизвици по пандемијата, климатските промени и економските кризи го зголемија обемот на дигиталниот пазар во кој се вклучени и тие. Се проценува дека овој модел на работа, односно фриленсери што работат хонорарна или непостојна работа сочинуваат еден до три отсто од вкупната глобална вработеност.
И Македонија го следи чекорот со глобалните трендови за работа оддома. Според податоците на регионалната платформа „Гигметер“, во земјава има околу 6.000 работници на дигиталните платформи, од кои повеќето се фриленсери. Тоа значи дека на 100.000 жители, 331 лице работат на платформа, што е најмногу во регионот.
Како е во Европа
Уште во текот на претходната година некои од европските компании почнаа да носат одлуки за задолжително враќање на вработените на работа во канцеларија. Но процентот на вработени што сè уште работат оддома е многу поголем ако се спореди со бројките од пред пандемијата.
Глобални трендови
„Мајкрософт“ во текот на претходната година објави индекс на работниот тренд во 2022 година во кој ги опишува очекувањата и реалноста околу хибридниот модел на работа. Во извештајот се наведува дека работната сила сè уште е во транзиција, вработените на прво место ја ставаат флексибилноста, која им овозможува полесно да најдат рамнотежа во зависност од темпото на животот на секој човек. Околу 73 отсто од вработените се изјасниле дека компаниите треба да ги мотивираат вработените со дополнителни бенефиции за да се вратат во канцеларија. Најголема спрега меѓу вработените и работодавците е продуктивноста. За компаниите моделот на работа од далечина драстично ја намалува продуктивноста, додека мислењето на работниците е спротивно.
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
Кинеските власти соопштија дека ќе започнат истрага за медицински CT рендген цевки увезени од САД и Индија и ќе го стопираат увозот на производи од живина од две американски компании.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.