text size
Македонија веќе ги почувствува првите придобивки од трката по батерии за електрични возила и за други намени што веќе на големо се води во светот поради определбите за намалување на употребата на фосилни горива и транзиција кон зелена енергија. Во текот на годинава беа договорени две инвестиции во капацитети за производство на батерии во слободните зони во земјава со вкупна вредност од над 100 милиони евра. Нашата земја лесно може да привлече многу повеќе инвестиции во овој сектор бидејќи Европа и САД решително сакаат да ја намалат зависноста од Кина, која во моментов е глобален лидер во производството и снабдувањето со батерии. Од друга страна, кинеските компании веќе почнаа да го шират своето производство во регионот, во Европа и во САД за да ја продолжат доминацијата во светот.