text size
Македонија се наоѓа на европското дно кога станува збор за користењето енергија од обновливи извори во транспортот. Новите податоци на „Евростат“ откриваат дека од година на година се намалува учеството на енергија од обновливи извори во транспортот во нашата земја. Ако во 2018 година учеството на енергијата од обновливи извори во транспортот изнесувало 0,118 проценти од вкупната енергија, во 2022 година тоа се намалило на 0,053 проценти. Ваквите трендови се спротивни на владините одлуки и целите поставени во националните акциски планови за зголемување на учеството на енергијата од обновливи извори во транспортот.