text size
Народната банка информира дека на вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика е оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата и дека следствено на тоа каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.