text size
Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложувања на македонски резиденти во странски хартии од вредност) на крајот на минатата година изнесува 917 милиони евра, од кои 760,8 милиони евра се вложувања во сопственички, додека 156,2 милиона евра во должнички хартии од вредност. Податоците на Народната банка откриваат дека има забрзан пораст на портфолио-инвестициите во странство односно зголемување за четири пати во однос на 2016 година, кога тие изнесувале околу 220 милиони евра.