text size
Секој македонски работник редовно одвојува 38 проценти од месечната бруто-плата за таканаречени социјални придонеси и за данок на личен доход, што значи дека повеќе од една третина од целосната заработувачка одвојува за да ги покрие задолжителните трошоци наметнати од државата. Податоците на „Евростат“ покажуваат дека овие таканаречени трошоци за плата што работодавците во земјава се обврзани да ги плаќаат во име на своите вработени се речиси на исто ниво како во Европа.