text size
Оправдан ли е растот на цените на производите и услугите е прашање што често си го поставуваат и граѓаните, кои последни ја плаќаат сумата. Тоа е веројатно прашање и за трговците, а со него се занимаваат и економските аналитичари. Со почетокот на војната во Украина почна тренд на глобален раст на цените првенствено поради намалувањето на понудата на одредени стоки и услуги. Недостигот од работна сила и прекините во синџирот на снабдување ги зголемија трошоците. Растеше цената на енергијата, на транспортните трошоци и секако на крајните услуги и производи. Стапките на раст беа и двоцифрени.