text size
Македонија деновиве е повторно на удар на топлотен бран, а во иднина ваквите екстремни температури ќе станат уште почести поради влијанијата на климатските промени предизвикани главно од зголемувањето на стакленичките гасови во атмосферата. Мерењата на средната годишна температура на воздухот во Македонија покажуваат покачени вредности во сите градови во земјава во периодот 2009-2023 година, што е доказ дека климатските промени се веќе тука. Најизразено покачување на средната годишна температура од 1,4 степени Целзиусови во овој период има во Скопје, што не треба да зачудува со оглед на тоа што во главниот град во изминативе години и се‘ уште масовно се градат високоградби-станбени објекти и следствено на тоа се намалуваат зелените површини.