text size
Големи промени има во ИТ-секторот во Македонија, кој важи за еден од најдинамичните и најбрзорастечки во земјава. Високи плати, флексибилно работно време оддома или од канцеларија, атрактивни бонуси и приватно здравствено осигурување се само дел од придобивките што ги уживаат вработените во овој сектор. Сепак, тоа не ги премислува од иселување членовите на ИТ-заедницата, која во земјава неформално има околу 20.000 вработени во секторите програмирање, дизајн и маркетинг. Голем број од нив размислува за преселба во странство, покажува најновото мапирање на ИТ-секторот, спроведено од „ИТ.мк“.