Македонските граѓани и компании во банка чуваат над 10,2 милијарди евра во депозити, податок на Народната банка за септември 2025 година. Вкупните депозити (овде покрај депозитите на домаќинствата и компаниите, влегуваат и депозитите на единиците на локалната самоуправа, непрофитните организации, јавните претпријатија, итн.) пораснале за околу една третина, односно 34.1 отсто за три години, при што депозитите на корпоративниот сектор пораснале нешто повеќе, за 36,6 отсто, додека кај домаќинствата за 34,9 отсто. Граѓаните чуваат околу 6,9 милијарди евра во банка, додека компаниите околу 2,9 милијарди евра.
Иако каматните стапки за штедење последниве години се на историски најниски нивоа, тоа не ги спречува граѓаните своите слободни средства да ги вложуваат токму во банка. За само три години домаќинствата вложиле речиси две милијарди евра во банка, додека компаниите околу 800 милиони евра.
Ако направиме споредба, пак, со нивото на штедење од пред пандемијата, на крајот од 2019 година вкупните депозити во македонските банки изнесувале околу 6,7 милијарди евра, што значи над 3,5 милијарди евра пораст во штедењето за пет години.
Прочитај повеќе
 
        Пад на каматите на кредитите и депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 проценти.
30.09.2025
 
        Кредитирањето расте - проверивме колкави се каматите на кредитите за домаќинствата
Со континуираното паѓање на каматните стапки, расте кредитирањето во Македонија.
24.10.2025
 
        Митреска: На среден рок инфлацијата ќе се врати на историскиот просек
Многу е веројатно дека Народната банка во својот следен извештај ќе направи нагорна корекција на инфлацијата, а растот на цени ќе се врати на својот историски просек дури на среден рок.
29.10.2025
 
        Половина од македонските банки ќе вложуваат во вештачка интелигенција
Само три банки го квантифицирале и износот што планираат да го вложат - до 0,25 проценти од сопствените средства.
09.10.2025
 
        Преку СЕПА до побрзи и поевтини плаќања во евра во девет македонски банки
За плаќања од 500 евра, граѓаните ќе заштедат во просек 1.340 денари, а компаниите ќе имаат дури осум пати помали трошоци за износ од 20.000 евра.
06.10.2025
 
        Фоторобот на „совршениот“ македонски инвеститор – како „играл“ на берзите?
Анализиравме како изгледа профилот на успешниот македонски инвеститор изминативе десетина години.
15.09.2025
 
        Сакате да инвестирате долгорочно? Еве еден пример за добро избалансирано портфолио
Останете долгорочен инвеститор и не дозволувајте пазарните превирања да ве исфрлат од рамнотежа...
20.09.2025
Кај домаќинствата има речиси 2,5 милијарди евра плус во депозити, што е раст за 55 отсто, додека кај компаниите нешто над една милијарда или раст од 59 отсто, до септември 2025 година, за кога се најновите податоци. Само во првите девет месеци од годинава македонските домаќинства вложиле нови 420 милиони евра во банките, додека корпоративниот сектор вложил само 33 милиони евра.
Речиси 90 отсто од заштедите на домаќинствата се во банка
Иако вложувањето во небанкарските, алтернативни финансиски инструменти континуирано расте, сепак нивното учество во вкупното штедење и инвестирање на македонските граѓани е на многу ниско ниво. Според официјално достапните податоци, сите други форми на штедење или инвестирање – фондови, акции на домашни и странски компании, животно осигурување, доброволни приватни пензиски фондови итн. – не зафаќаат повеќе од една милијарда евра. Што значи дека околу 87 отсто од заштедите на домаќинствата се чуваат во банка, каде што приносите се најниски и последниве години не можат да „ја победат“ ниту инфлацијата.
Нашите соговорници на темата велат дека оваа конзервативна стратегија на македонските граѓани се должи пред сѐ на недоволната финансиска едукација и традиционалните навики за штедење во банка, иако на пазарот веќе дваесетина години постојат инвестициските фондови животното осигурување, а од пред неколку години и можноста да се вложува директно на странските берзи.
„Иако регулативата е стабилна, а институциите и компаниите нудат соодветни решенија, степенот на нивно користење е ограничен. Главна причина за тоа се недоволната финансиска едукација и свест кај населението. Народот генерално нема изградено навика за планирање на личните финансии, а уште помалку за инвестирање на долг рок. Оваа состојба создава јаз меѓу потенцијалот на понудата и реалната искористеност на производите“, изјавија од „ВФП Фонд менаџмент“ за „Блумберг Адрија“.
Ако депозитите во банка веќе надминуваат 10 милијарди евра, во домашните инвестициски фондови македонските граѓани и компании имаат вложено нешто над 400 милиони евра, колку што изнесувала нето-вредноста на средствата во македонските отворени фондови на крајот од првото полугодие од 2025 година, според податоците на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Тоа е однос од 25:1 во корист на банкарските депозити, додека на ниво на Европската Унија (ЕУ), на пример, не е ни 3:1, поточно 2,85:1, според извештајот на Европската асоцијација за менаџмент на фондови и средства (ЕФАМА).
Во ЕУ ќе ги стимулираат граѓаните повеќе да инвестираат, а помалку да штедат
Иако, за волја на вистината, според нивните коментари, и во ЕУ сѐ уште постои конзервативен пристап при вложувањето, односно депозитите сочинуваат околу 40 отсто од вкупните финансиски средства на домаќинствата, таму постои извесен напредок, односно во 2022 година депозитите зафаќале 44 отсто. Токму затоа и Европската комисија (ЕК) пред неколку месеци усвои нова стратегија за канализирање на овие заштеди во попродуктивни вложувања во акции на берза, инвестициски фондови, обврзници и други инструменти на пазарите на капитал. Стратегијата е наречена Унија на штедење и инвестиции – УШИ (англ. Savings and Investments Union – SUI).
Или како што истакна европската комесарка за финансиски услуги Марија Луиз Албукерк по тој повод: „Европејците се едни од најдобрите штедачи во светот, но голем дел од нивните заштеди е во депозити со ниски приноси. Во исто време, Европа се мачи да ги задоволи своите инвестициски потреби. Со УШИ можеме да креираме магичен круг на корист и за граѓаните и за компаниите, помагајќи им на европските граѓани да добијат подобар поврат на своите заштеди, а во исто време значителни инвестиции за економиите“.
                                                                                            
                                                
                                                
                                                
                                                                                            
                                                                                                                                                
                                    
                                                                                                                                
                                            
                                                                            
                                                                                                                                
                                            
                                                                            
                                                                                     Depositphotos
                                                                            
                                                                                    
                                                                                            Depositphotos
                                                                                                                                                        
                                    
                                                                                                                                
                                            
                                                                            
                                                                                                                                
                                            
                                                                            
                                                                                                                                
Во рамките на стратегијата за УШИ има сет од посебни мерки со кои директно ќе се стимулираат граѓаните во рамките на потпрограмата „Граѓаните и штедењето“. Искуството во некои земји членки на ЕУ веќе покажало дека штедно-инвестициските сметки може да ги поттикнат малите вложувачи да учествуваат на пазарите на капитал, особено ако со тие сметки одат и соодветни стимулации. Европската комисија ќе изработи „европски план за штедно-инвестициски сметки“ или финансиски продукти за мали вложувачи врз основа на досега најдобрите национални практики, вклучувајќи и препораки за земјите членки околу даночниот третман на таквите инвестициски сметки.
Како да се искористат депозитите за економски раст во Македонија?
Истовремено со растот на депозитите, се разбира, расте и кредитирањето во Македонија, иако со нешто помала динамика, односно ако за три години вкупните депозити пораснале за 34 отсто, за истиот период кредитите пораснале за 29 отсто. Износот на вкупните кредити на крајот од септември 2025 е 8,66 милијарди евра, а во првите девет месеци годинава банките одобриле нови 617 милиони евра. На домаќинствата отпаѓаат околу 4,4 милијарди од вкупните кредити, додека кај компаниите се пласирани околу 4,24 милијарди евра.
Годишниот раст на кредитирањето изнесува 13,5 отсто и во поголем дел се должи на зголемените кредити на корпоративниот сектор, од 16,5 отсто, додека кај домаќинствата годишниот раст е 10,8 отсто.
На прашањето колку банките може да имаат проактивна улога во забрзување на економскиот раст, банкарите велат дека „тие се дефинитивно тука за да го финансираат растот“, како што истакна Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ АД Скопје, на конференцијата (Back to business) што ја организираше „Блумберг Адрија“.
Стојановски информираше дека националното штедење, односно депозитите во домашните банки во моментов се околу 10 милијарди евра и дека 83 отсто од таа сума се пласирани во кредити.
„Од нас односно од креаторите на економските политики и побарувачката зависи дали овој национален ресурс ќе го искористиме за потрошувачки кредити односно за купување автомобили и патувања или ќе искористиме поголем дел за финансирање инфраструктурни проекти што можеби не за овие генерации, но за идните ќе донесат добробит“, рече Стојановски.
Тој додаде дека банките се веќе вклучени во финансирање инфраструктурни проекти, но и дека за сите идни проекти би било подобро да се финансираат од домашната акумулација на средства бидејќи тоа е поевтин начин и би имало попозитивно влијание за јавното задолжување односно би го забавило.
 
                
        
        
         
                 
                     
                 
                 
                             
                             
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
                         
                        .png) 
                 
            