„Рецесија сè уште е можна, сè додека последиците од царинските мерки продолжуваат да ја потресуваат глобалната економија“, изјави извршниот директор на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co), Џејми Дајмон.
„Се надевам дека ќе ја избегнеме, но во овој момент не би ја исклучил“, рече Дајмон во интервју за телевизијата „Блумберг“ во четвртокот, за време на годишната Глобална конференција за пазари на „ЏП Морган“, која се одржува во Париз.
„Ако дојде до рецесија, не знам колкав обем би имала, ниту колку би траела“, додаде тој.
Прочитај повеќе

Шансите за рецесија во САД се 45 отсто, вели милијардерот Стив Коен
Основачот на хеџ-фонд од Волстрит, Стив Коен, предвидува 45 отсто шанси за рецесија во САД.
15.05.2025

Нагел и Ескрива од ЕЦБ: Мора да бидеме претпазливи со следните чекори за каматните стапки
Во заедничко интервју Германецот Јоаким Нагел и Шпанецот Хозе Луис Ескрива од ЕЦБ ги истакнаа предизвиците што ги поставува новата американска администрација.
13.05.2025
Администрацијата на Трамп веќе над еден месец ги потресува пазарите со својата царинска политика, а Дајмон наведува дека некои клиенти се воздржуваат од инвестиции поради големата нестабилност. Претходно неделава САД и Кина се согласија привремено да ги намалат меѓусебните царини, додека се обидуваат да постигнат подолгорочен договор. Дајмон се надева дека неодамнешното намалување на тензиите меѓу САД и Кина ќе потрае.
„Мислам дека тоа е правилно – да се повлечат некои од тие мерки. Важно е да има конструктивен дијалог“.
Скот Беснет (десно)
Bloomberg
Најавата на Трамп за царини на 2 април, акција што тој на нарече „Ден на ослободување“, доведе до пад на пазарите, а неколку дена подоцна најави пауза од 90 дена за да се постигнат договори. Дајмон повеќепати повикуваше министерот за финансии Скот Бесент да ги води преговорите, а во своето годишно писмо до акционерите минатиот месец апелираше за брзо решавање на неизвесната ситуација.
Во интервјуто тој наведе дека нестабилноста на пазарите и понатаму е присутна и дека обемот на тргување во „ЏП Морган“ останал висок. „Имаме примери кога волатилноста е добра и кога е лоша. Оваа беше добра. Следниот пат можеби нема да биде“, рече тој.
Шеесет и деветгодишниот директор смета дека еден од ефектите на царинските тензии може да биде пад на инвестициите во САД.
„Во одредена мера ќе се случи тоа. Иритираат многу луѓе. Се среќавам со нив и ми велат: ‘Знаете, веќе не го купуваат нашиот бурбон од Кентаки’“, наведува Дајмон.
Тоа, сепак, не значи дека ефектите ќе бидат широкораспространети, додава тој. „Дали САД се лоша дестинација за инвестиции? Не. Ако би морале да го вложите целиот свој капитал во една земја, тоа и понатаму би биле САД“.
Трамп на преговори со Саудијците
Win McNamee/Getty Images/Bloomberg
Трговците со акции во „ЏП Морган“ остварија рекордни приходи во првиот квартал, благодарение на хаотичните движења на пазарот, и тоа пред царините воведени на 2 април и подоцнежната пауза. Аналитичарите очекуваат дека вкупниот приход од тргување на најголемата американска банка повторно ќе порасне во вториот квартал во споредба со истиот период минатата година.
Во опширното интервју Дајмон исто така рече дека ја охрабрува можноста за преговори меѓу ЕУ и Велика Британија. „Имаат шанса да развијат одличен однос и делумно да ја надоместат катастрофата што настана од брегзит“, рече шефот на „ЏП Морган“.