Кина воведе санкции за пет американски подружници на јужнокорејската компанија „Ханва оушн“ (Hanwha Ocean Co.) и најави можни дополнителни мерки против бродскиот сектор – најнов потег во серијата заемни удари меѓу Пекинг и Вашингтон во пресрет на очекуваните трговски разговори.
Овој потег предизвика пад на глобалните берзи во вторникот, бидејќи инвеститорите ги намалија очекувањата за смирување на тензиите меѓу двете најголеми светски економии. Акциите на „Ханва оушн“ паднаа за 6,2 отсто, додека акциите на кинеските бродоградители забележаа раст.
Со овој чекор, Пекинг ја продлабочува долготрајната криза со САД за доминација во поморскиот сектор. Двете земји веќе воведоа си специјални такси за пристаништата на бродовите една на друга, додека САД ги мобилизираат своите сојузници – особено Јужна Кореја – за оживување на ослабената американска бродоградбената индустрија.
Прочитај повеќе

Црвени линии од Кина, закани од Трамп - ќе попушти ли некој?
„Заканите со царини не се начин на кој се гради однос со Кина“, порача викендов кинеското Министерство за трговија...
12.10.2025

Главното кинеско оружје во трговската војна со САД - батерии
Кина можеби се соочува со ограничувања за пристап до напредни чипови од САД, но токму енергијата е најголемото „тесно грло“ за американската ИТ инфраструктура...
12.10.2025

Како Кина го вознемири Трамп: Со блокада на ретките метали сака да го закочи производството на чипови
Кина го затегнува обрачот: новите ограничувања на ретки метали го загрозуваат светскиот пазар на чипови и ја зголемуваат трговската тензија со САД.
11.10.2025

Нов трговски земјотрес: Трамп се закани со 100% царини за Кина
Американскиот претседател најави високи царини за Кина од 1 ноември, како одговор на кинеската закана за извозни ограничувања.
11.10.2025
Конфликтот има пошироки последици за светската економија, бидејќи повеќе од 80 отсто од меѓународната трговија се одвива преку морски транспорт.
Кинеските бродови сочинуваат повеќе од една третина од светската флота
Азија доминира во глобалната бродоградбена индустрија
Bloomberg
„Ова претставува проширување и продлабочување на тековниот трговски конфликт“, изјави Дебора Елмс, раководителка на трговската политика во фондацијата „Хajнрих“ (Hinrich Foundation), филантропска организација со седиште во Сингапур.
„Станува збор не само за царини и извозни контроли туку и за тоа кои компании имаат можност да оперираат на кои пазари. Ако ова продолжи, уште поголем дел од економските активности ќе биде изложен на ризик“, додаде таа.
Бродскиот транспорт е само една од точките на судир во кинеско-американските односи, кои во последните денови ги држат глобалните инвеститори во неизвесност. Пекинг ги заостри извозните контроли на ретките метали, додека САД ги проширија ограничувањата за кинескиот пристап до чипови и се заканија со дополнителни царини од 100 отсто. Иако претставници на двете влади нагласуваат дека разговорите продолжуваат, не е јасно дали ќе постигнат примирје пред самитот меѓу Доналд Трамп и Шји Џјинпинг.
Една од опасностите за Шји е тоа што последните кинески мерки за ретките метали и транспортот можат да ги поттикнат земјите како Јужна Кореја да застанат на страната на САД во засилувањето на притисокот врз Пекинг.
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент ја обвини Кина дека „насочила базука кон синџирите на снабдување и индустриската база на целиот слободен свет“ и ги повика американските сојузници да се обединат со Вашингтон во спротивставувањето на таа политика.
Кинеските претставници неделава имаат можност да ги смират тензиите.
Кина соопшти дека внимателно ја следи истрагата што ја спроведува Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) според Секција 301 – која се однесува на кинескиот поморски сектор – и најави дека би можела да одговори со нови контрамерки.
Според соопштението на кинеското Министерство за трговија, подружниците на „Ханва оушн“ „помагале и соработувале во истражните активности на американската влада, со што ги загрозиле кинеската сувереност, безбедност и развојни интереси“.
Портпарол на „Ханва оушн“ изјави дека компанијата е „свесна за објавата на кинеската влада и внимателно ја анализира можноста за влијание врз бизнисот“.
Во изминатата деценија кинеските бродоградители ги надминаа своите јужнокорејски и јапонски конкуренти, станувајќи водечки производители на бродови во светот – во време кога американската индустрија речиси и не постоеше.
Иницијативата на администрацијата на Доналд Трамп за оживување на бродоградбениот сектор во САД им овозможи на јужнокорејските компании да го прошират своето влијание, при што Сеул се обврза да вложи 150 милијарди долари во експертиза и инвестиции за поттикнување на американските амбиции во оваа област.
Во март, додека Вашингтон ги разгледуваше конечните мерки против кинеската доминација во бродскиот сектор, компанијата „Ханва оушн“ достави јавни коментари до трговскиот претставник Џејмисон Грир како поддршка на истрагата.
Најновите мерки на Кина ќе ја стават Јужна Кореја под притисок да избере страна меѓу Пекинг и Вашингтон, изјави Џанг Ин Јун, извршен директор на „Фибоначи“ (Fibonacci Asset Management Global Pte.)
„Санкциите против ’Ханва’ испраќаат јасна порака од Пекинг“, додаде Јун, нагласувајќи дека доколку јужнокорејската компанија продолжи да соработува со САД, „ќе мора да се откаже од својот бизнис во Кина“.