text size
Северна Македонија планира враќање на пазарот на еврообврзници за да го рефинансира долгот што доспева и да го финансира буџетскиот дефицит оваа година, јави „Блумберг“. Во објавата се вели дека земјата ќе понуди четиригодишни хартии од вредност во евра во наредните денови. Северна Македонија последен пат продаде еврообврзници пред речиси две години во услови на криза предизвикана од коронавирусот.