Американските потрошувачи и малопродажните инвеститори се под притисок бидејќи царините на претседателот Доналд Трамп ја разгоруваат глобалната трговска војна, која ги загрозува пазарите и се заканува да ги зголеми цените на сè, од електроника и автомобили до патики и намирници.
Во последните недели, додека индексот S&P 500 се лизна од највисокото ниво на сите времиња во февруари, општа мудрост беше дека инвеститорите треба да ја зголемат меѓународната изложеност на нивните портфолија.
И додека се наѕираа тарифите, некои експерти заговараа забрзани големи купувања, па на пример сега купуваат автомобил, пред да се зголемат цените.
Прочитај повеќе

Каде да инвестирате еден милион евра во моментов?
Четири инвестициски експерти даваат идеи за инвестирање во европски акции, недвижнини и друго.
30.03.2025

Зошто Ворен Бафет и Ли Ка-шинг собираат готовина?
Оракулот од Омаха и Супермен имаат долга историја на продажба во вистински момент. Што гледаат тие?
28.03.2025

Наместо во банка, заштедите на берза: ЕУ со нова стратегија ќе стимулира инвестирање
Европската Унија ќе ги стимулира граѓаните дел од своите заштеди во банка да инвестираат во поризични финансиски инструменти, но со повисок принос.
26.03.2025

Време ли е за продажба на акции и има ли побезбедни инвестиции?
Експертите гледаат можности во депозитите, во големите технолошки компании и во некои неамерикански акции.
09.03.2025
Некои Американци го послушаа тој повик, а автосалоните видоа забрзан привремен раст на бизнисот додека купувачите се обидуваат да ги надминат зголемувањата на цените. Но што треба да прават потрошувачите и инвеститорите сега со трговска војна во полн замав?
За потрошувачите сега постои незгодна пресметка за големите купувања. Дали да го направат тоа сега и да избегнат уште повисоки цени или да се потрудат и да заштедат пари поради зголемените шанси за рецесија годинава?
На пазарите има недостиг од места за криење, а глобалните акции паѓаат поради опсегот на царините на Трамп и одмаздата од Кина. Во петокот индексот S&P 500 падна за шест проценти и го забележа своето најлошо дводневно паѓање од март 2020 година, додека технолошкиот индекс Nasdaq 100 влезе во мечкин пазар.
Тоа ги натера финансиските советници и фирмите, вклучувајќи ја и „Вангард груп“ (Vanguard Group), да им кажат на инвеститорите да се борат против вревата, да се фокусираат на тоа што можат да го контролираат и да избегнуваат носење избрзани одлуки водени од паниката. Во исто време беше тешко да се игнорира опсегот на падот на пазарот што следуваше по објавувањето на царините.
Илустрација (Depositphotos)
„Ова не е случај кога пазарот прави нешто лудо - светот се промени“, рече Бен Инкер, штитеник на Џереми Грантам и еден од раководителите за распределба на средства во ГМО (GMO). „Она што прави светот денес толку да е незгодно за размислување е навистина високото ниво на несигурност – не сме сигурни колку долго ќе трае ова“.
Еве што велат експертите за тоа што обичните Американци можат да направат во моментов за да ги заштитат своите лични финансии.
Проценете го вашето портфолио
Ако веќе не сте го направиле тоа, проверете во што точно сте инвестирале. Во последниве години инвестирањето во САД беше доста едноставно: S&P 500, и покрај неколкуте падови, главно се зголеми. Сега таа стратегија е доведена во прашање. Сепак, овде важи класичниот совет: не паничете и не продавајте ги сите ваши акции.
„Толку многу луѓе ги погледнаа пазарите и рекоа ‘сѐ што ми треба е S&P 500’, бидејќи имаше толку долг период кога диверзификацијата беше разочарувачка“, рече Марта Нортон, главен инвестициски стратег во „Емпауер инвестментс“ (Empower Investments). „Денес диверзификацијата навистина работи во полза на инвеститорите“.
Имајќи го тоа на ум, советниците велат дека има неколку области што вреди да се истражат.
-
Меѓународни акции
Мајк Бејли, директор за истражување во „ФББ Капитал партнерс“ (FBB Capital Partners), препорачува акции во Европа, Јапонија и Канада. Широка кошница на развиени неамерикански акции, како што е индексот MSCI EAFE, може да помогне да се додаде диверзификација на вашите акции, без додавање кинески акции, вели тој.
Тери Спат, основач на „Зума велт“ (Zuma Wealth) во Лос Анџелес, исто така им кажува на клиентите да ги земат предвид Германија и Јапонија преку ЕТФ.
„Германија влегува во ера на генерациска промена во трошоците за одбрана, што ќе го засили нејзиниот економски раст“, рече Спат. „Во Јапонија номиналниот економски раст, инфлацијата и платите имаат корист од владините реформи и тоа резултира со подобрување на заработката“.
-
Купување акции „на попуст“
Мајкл Соненфелд, основач и претседател на „Тајгер 21“ (Tigar 21), светска мрежа на претприемачи со висока нето-вредност, сè уште се залага за додавање акции за време на распродажбите - менталитетот „купи го падот на акциите“, кој е речиси постојана пазарна сила во последниве години. Паметниот потег што инвеститорите можат да го направат токму сега, рече тој, е да воспостават систематска стратегија за да го зголемат купувањето како што паѓаат пазарите, директно или преку ЕТФ. „Инвеститорите можат етапно да се движат со инвестирање одредена сума кога индексот ќе падне за 20 проценти од највисокото ниво, ќе го зголеми тој износ на 25 проценти и дополнително на 30 проценти“, рече Соненфелд. „Тоа им овозможува на инвеститорите да ја искористат нестабилноста на пазарот без да бидат водени од страв и да извршат паметен прекршок во криза со стратегија што може да се исплати на долг рок“.
-
Висококвалитетни обврзници
Сега може да е време да додадете одредени обврзници во вашето портфолио, според Емили Роланд, главен стратег за инвестиции во „Џон Хенкок инвестмент менаџмент“ (John Hancock Investment Management). Таа препорачува да се зголеми изложеноста на корпоративни обврзници од инвестициска класа и хартии од вредност поддржани со хипотека.
-
Опортунистички игри
Џон Пантекидис, партнер на „Твин фокус“ (TwinFocus), гледа многу можности во одбранбените акции, како и во нуклеарната индустрија, и во САД и во Европа.
„Доколку САД го напуштат остатокот од светот како безбедносен чадор, земјите ќе трчаат кон нуклеарно оружје бидејќи тоа е евтино и ефикасно“, рече тој. „Ако Трамп навистина го прави тоа, ќе видиме повторно ширење на нуклеарното оружје и ќе видиме повеќе нуклеарни централи, бидејќи ако се направат правилно, тие се ефективни“.
Европските трошоци за одбрана беа на ниво од само околу еден отсто од БДП, истакна тој, а сега се околу два отсто. Според Пантекидис, таа потрошувачка во просек може да се зголеми на три-четири проценти. ЕТФ-инвеститорите може да бидат изложени на нуклеарни електроцентрали во рамките на индексот The Range Nuclear Renaissance ETF (NUKZ), кој ги следи компаниите во индустријата за нуклеарно гориво и енергија. А, за изложеност во секторот одбрана, тука е индексот Global X Defense Tech ETF (SHLD).
-
Резерви по стара цена
Широк опсег стоки за широка потрошувачка - од автомобили, преку лаптопи, па до спортска опрема - веројатно ќе ја зголемат својата цена. Кетрин Рас, професорка по економија на Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија, рече дека царините ќе ги чинат американските домаќинства во просек најмалку неколку илјади долари годишно.
Роберт Хендфилд, професор по менаџмент на синџирот на снабдување на Државниот универзитет во Северна Каролина, рече дека очекува дека ќе има само краток период пред купувачите да го видат целосниот обем на зголемувања на цените. Тоа значи дека одредени купувања сега би можеле да бидат добра идеја, сè додека не се преоптоварувате. „Ако имате големи набавки што треба да ги направите, можеби ќе сакате да размислите за купување веднаш за да видите дали продавачите имаат уште резерва што не е погодена од царините“, рече Хендфилд.
Исто така, бидете внимателни со сите ставки што бараат од вас да земате кредит бидејќи каматните стапки сè уште се високи, рече Бен Лафри, основач на „Лок велт менаџмент“ (Lock Wealth Management) во Атланта. Да се има дополнителна месечна сметка може да биде тешко ако вашиот буџет веќе е погоден од повисоките цени на секојдневните артикли.
-
Дали треба да купите автомобил?
„Дефинитивно би препорачала да се обидете да набавите автомобил порано ако веќе ви е потребен“, рече Кајла Сканлон, финансиска едукаторка и соработничка на „Блумберг опинион“ (Bloomberg Opinion). Таа се согласува со другите, тврдејќи дека купувачите треба да го направат овој потег сега, пред да скокнат цените.
Финансискиот планер Ерик Роберж од „Бијонд јоур хамок“ (Beyond Your Hammock) во Бостон има поинаков став. Тој препорачува наместо тоа, ако е можно, на половен автомобил да му се даде козметичко освежување. Еден негов клиент со автомобил стар 10 години со помалку од 75.000 изминати милји размислувал да купи нов автомобил, но решил само да ги поправи проблемите во каросеријата. Платил околу 8.000 долари наспроти 72.000 долари, колку што би платил за истиот тип на автомобил ама сосема нов, рече Роберж.
Depositphotos
Сега финансискиот планер и неговата сопруга планираат да го сторат истото тоа со својата „мазда“ (Mazda CX-5) од 2019 година. Тие ќе платат околу 10.000 долари за да ја поправат надворешноста и да ја возат уште неколку години.
Генерално, Роберж ги советува клиентите да ги намалат трошоците или да ги одложат големите набавки каде што е можно и колку што е можно. „Не сакаме луѓето да го стават својот живот во мирување и на чекање“, рече тој. „Но ако тоа е исклучиво дискрециона ставка што е чисто желба, а не потреба, велиме да ги оставиме настрана тие работи засега додека луѓето не се почувствуваат малку посигурно“.