Проекцијата од два трилиони долари за потенцијалниот раст на пазарот на стабилни коини, која често се споменуваше за време на неодамнешниот обид за одобрување на регулативата на пазарот на криптовалути во САД, е „малку оптимистичка“, сметаат од „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co).
Минатиот месец министерот за финансии Скот Бесент за време на обраќање во Сенатот посочи дека секторот дури би можел да ја надмине оваа процена до 2028 година, доколку постои законодавна поддршка. Тоа би значело дека пазарот би можел да порасне речиси осум пати во однос на сегашната пазарна вредност од 260 милијарди долари на сите стабилни коини.
„Тешко ни е да поверуваме дека пазарот би можел значително да порасне во следните неколку години, бидејќи инфраструктурата што ги поддржува стабилните коини е далеку од развиена и ќе биде потребно време за нејзино градење“, напишаа стратезите на „ЏП Морган“ предводени од Тереса Хо во белешка до клиентите во средата. „Иако се очекува приспособувањето да биде брзо, тоа би можело да оди со побавно темпо отколку што очекуваат некои“.
Прочитај повеќе

Конгресот на САД го усвои првиот федерален закон за стабилни коини
Конгресот на САД го усвои првиот федерален закон што ја регулира употребата и издавањето на стабилни коини, дигитални токени врзани за американскиот долар.
18.07.2025

Има време стабилните монети да станат како парите, велат од Мастеркард
Висок менаџер на „Мастеркард“ тврди дека сѐ уште е рано стабилните монети да станат вистински пари.
15.07.2025

Кина не сака да каска зад САД - разгледува користење на стабилни монети
Во Кина сериозно ја разгледуваат можноста за користење на стабилни монети за прекугранични плаќања.
02.07.2025
Стабилните коини се претставени како револуционерни за традиционалните финансиски системи поради својот потенцијал за речиси моментални меѓународни плаќања и дознаки. За разлика од понестабилните криптовалути, стабилните коини обично се врзани за државни валути, што потенцијално го олеснува моменталното и континуирано порамнување на плаќањата. Меѓутоа, и покрај неодамнешниот пораст на интересот за оваа актива, тие и понатаму сочинуваат помалку од еден процент од глобалните парични текови, што укажува дека дигиталната актива сè уште има значителен пат пред себе во трансформацијата на финансиската инфраструктура, напишаа стратезите.
„ЏП Морган“ посочи дека, со оглед на сегашната траекторија на раст, поверојатно е дека пазарот ќе се удвои или утрои, што е значително помалку од некои други процени. Пазарот на стабилни коини значително порасна во последниве години, при што USDT на компанијата „Тетер“ (Tether Holdings SA) и USDC на компанијата „Сркл“ (Circle Internet Group Inc.) сочинуваат повеќе од 60 проценти од пазарот.
Стабилните коини од страна на некои издавачи се промовираат како средство за заобиколување на мрежите со картички, иако се смета дека се попривлечни за трговците отколку за потрошувачите. Додека издавачите можат да остварат милиони долари од приносите на своите резерви, корисниците обично можат само да чуваат и пренесуваат вредност преку дигиталната актива.
„Се сомневаме дека инвеститорите во ликвидност, без разлика дали се малопродажни или институционални, веднаш ќе прифатат плаќање со стабилни коини како алтернатива на готовината, со оглед на нивната конзервативна природа во управувањето со готовинскиот тек како извор на ликвидност“, наведе банкарски извор.
По потпишувањето на законот GENIUS минатата недела, регулаторните грижи во врска со стабилните коини во голема мера беа отстранети. Законот поставува правила за оние што се врзани за американскиот долар, вклучувајќи барање фирмите да чуваат еквивалентни износи на долари за своите резерви на овие токени во државни обврзници или слични производи под надзор на државни или федерални регулатори. Бесент ја пофали оваа идеја поради нејзиниот потенцијал да ја зголеми побарувачката за долари и американски долг на глобално ниво.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...