text size
Енергетската криза минатата година влијаеше на зголемувањето на производството и потрошувачката на јаглен во Европа, континентот што беше најмногу зависен од рускиот гас пред војната во Украина. Земјата што увезуваше најмногу руски гас е најголемата и најсилна европска економија - Германија. Според последните податоци на „Евростат“, оваа земја лани произвела и потрошила најголемо количество јаглен во Европа.