Судот во Кочани им одреди триесетдневен притвор на 13 осомничени за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ минатиот викенд. Триесетдневен притвор е одреден за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, и други приведени.
Синоќа беа приведени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илиев (СДСМ), Ратко Димитровски (ВМРО-ДПМНЕ) и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов (ВМРО-ДПМНЕ). Јавното обвинителство денеска ќе објави какви мерки ќе се бараат за нив.
Досегашната истрага, предводена од јавниот обвинител Љупчо Коцевски, открива сериозни кривични дела против општата безбедност во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој починаа 59 лица, а околу 200 се повредни. Со истражните активности во моментов се опфатени над 30 лица
Прочитај повеќе

Погребани жртвите од пожарот во Кочани
Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани.
20.03.2025
Објавена листа на сите жртви во пожарот, повредените се во стабилна состојба
Сите пациенти што се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, посочи министерот за здравство Арбен Таравари.
20.03.2025

Седум полициски службеници и еден раководител осомничени за трагедијата во Кочани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес на прес конференција соопшти дека седум полициски службеници, меѓу кои и началници, како и еден актуелен раководител во Министерството за економија се осомничени дека имаат одговорност за трагедијата во Кочани.
19.03.2025

Собири низ цела држава во чест на жртвите во Кочани, истрагата проширена на повеќе лица
Во повеќе градови низ државата синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
19.03.2025

Протест во Кочани, гневните граѓани бараат да се појави градоначалникот
Граѓаните пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.
17.03.2025
Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР-Штип и во ПСОН-Кочани, кои се осомничени дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сите докази за дискотеката „Пулс“ упатуваат на кривичното дело тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години.
„Доказите што секој ден ги собираме укажуваат на тоа дека коренот всушност е една општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција. Обвинителството, за жал, не е орган на превенција, туку на репресија. Дали и како можеше да се спречи ваков епилог? Би рекол, можеби. Но, сега е на нас да се соочиме со последиците, да ги казниме одговорните за оваа катастрофа и да спречиме да се повтори ваква трагедија“, рече Коцевски во вчерашното интервју за белградска „Политика“.
Тој најавува дека истрагата ќе биде брза, ефикасна и сеопфатна и оти ќе одговараат и тие што со неработење и непочитување на службените должности имаат дел од вината за катастрофата.
Според последните информации од Министерството за здравство, состојбата на повредените лица во пожарот е стабилна и се подобрува. Од вкупно 20 што беа критични, десет се во потешка состојба, но се надвор од животна опасност. Во државава се лекуваат 62, а во странство 111. Од тие на лекување во државава, тројца се пуштени на домашно лекување, а најавено е испишување уште на тројца. Веќе в понеделник се очекува враќање во државава и на првите пациенти од странство.
Уште тројца пациенти вчера беа испратени во Турција и седум во Шпанија, со што вкупниот број на лица со повреди од пожарот на лекување во странство достигна 111. Министерството за здравство вчера го објави и списокот со медицински центри во странство каде што се лекуваат пациенти од пожарот. Листата содржи медицински центри во Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија, Белгија, Литванија, Турција, Шведска, Унгарија и во Полска.
Како што соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство државата обезбеди авионски карти и сместување, за што се потрошени почетно околу 3,5 милиони денари.
Преку Црвениот крст заклучно со вчера се обезбедени 42.739.931 денар за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Останува повикот да продолжат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани, како и со повик на телефонските броеви на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).