Врелиот костен околу прашањето дали ќе останат на сила новите царини со коишто американската администрација се обидува да ја преобликува глобалната трговија е во рацете на Врховниот суд на САД откако претседателот Доналд Трамп во средата до највисокиот суд поднесе жалба на одлуката на пониските судови кои пресудија дека новите давачки се нелегални. Трамп официјално побара Врховниот суд брзо да се изјасни по жалбата поради што конечната судбина на повеќето од царините, коишто се уште се во сила би можела да се знае многу побрзо од очекуваното.
Пазарите би експлодирале доколку се укинат царините
Откако Федералниот апелациски суд на САД минатата недела ги прогласи царините за нелегални, индексот S&P падна за околу еден процент.
Прочитај повеќе

Царинскиот „бумеранг“ ја става отпорноста на САД на сериозен тест
Царините воведени за заштита на домашната економија сега им штетат на американските компании.
03.09.2025

Трговските партнери на САД збунети откако судот ги прогласи царините за незаконски
Одлуката кој беше донесена со 7 гласови за и 4 против од страна на панел на судии во петокот вечерта во Вашингтон беше голем неуспех за Трамп, но сепак им дава на двете страни нешто со што може да се пофалат.
31.08.2025

Новите царини на Трамп прогласени за нелегални од Апелацискиот суд на САД
Федералниот апелациски суд ја потврди одлуката на понискиот суд, што е чекор напред кон укинување на „реципрочните“ тарифи.
30.08.2025

ЕУ предлага укинување на царините за американски производи по барање на Трамп
ЕУ усвои нацрт-регулативи за укинување царини за американски стоки, додека САД ветуваат намалени давачки за автомобили ретроактивно од 1 август.
29.08.2025

Мексико ќе ги зголеми царините за Кина поради притисокот од Трамп
Зголемувањето на царините се очекува да важи за увозот на автомобили, текстил и пластика
28.08.2025
Аналитичарите на „Блумберг Адрија“ сметаат дека иако ваквата реакција на прв поглед е нелогична со оглед на тоа што одлуката им оди во прилог на компаниите, се чини дека пазарот се плаши од макроекономската состојба на земјата, што може да се види од скокот на приносот на американските 30-годишни обврзници на ниво од речиси пет проценти.
Од друга страна, според претседателот Трамп „берзата е во пад затоа што ѝ се потребни царини“. „Тие ги сакаат царините“, рече претседателот.
Инаку, откако Трамп побара да се забрза постапката во Врховниот суд, европскиот пазар се отвори во позитива, но останува нестабилен.
„На пазарот сигурно би имало експлозија доколку Врховниот суд ги укине царините“, наведуваат нашите аналитичари.
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека Апелацискиот суд на САД на 29 август ја потврди претходната одлука на американскиот Суд за меѓународна трговија. И двата суда заклучија дека Трамп погрешно се повикал на Законот за меѓународни економски овластувања за вонредна состојба (IEEPA) за да ги оправда царините.
Апелацискиот суд дозволи царините да останат на сила барем до 14 октомври за да ѝ даде време на администрацијата на Трамп да поднесе конечна жалба директно до Врховниот суд. Апелацискиот суд, исто така, соопшти дека трговскиот суд треба да ја преиспита својата одлука за блокирање на релевантните царини за сите, а не само за страните што поднеле тужба.
Зошто му се брза на Трамп?
Пред да ја поднесе жалбата до Врховниот суд, Трамп им рече на новинарите дека ако одлуката на Апелацискиот суд остане во сила „тоа би било уништување за нашата земја“. Тој додаде дека повеќе трговски договори, меѓу кои и оние со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, ќе бидат укинати доколку неговите глобални царини на крајот бидат прогласени за нелегални од страна на американскиот судски систем.
Francis Chung/Politico/Bloomberg
Трамп во средата рече дека царините му даваат предност да склучува договори со главните трговски партнери, поради кои САД ги зголемија увозните даноци на нивните производи без одмазда - аранжмани, според него, ѝ дале на најголемата економија во светот „шанса повторно да биде неверојатно богата“.
„Ако не го добиеме тој случај, нашата земја ќе страда толку многу“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Сите овие договори се завршени, претпоставувам дека ќе мора да ги раскинеме“.
Последици
Доколку Врховниот суд потврди дека Трамп незаконски вовел царини базирани на IEEPA, САД треба да се соочи со барања за враќање на парите што веќе се платени по основ на новите давачки. Станува збор за огромни суми пари чие враќање може само да ја загриженоста за состојбата на јавните финансии на САД. Инвеститорите на пазарот на обврзници, особено, ја доведуваат во прашање траекторијата на растечкиот долг на земјата. Администрацијата ги наведе зголемените приходи од царини како начин за компензација на намалувањата на даноците усвоени во законот за даноци и трошоци што Трамп го потпиша на 4 јули.
Кои царини би можеле да бидат укинати?
Актеулната правна битка се однесува на „реципрочните“ тарифи што Трамп ги објави на 2 април за увоз од речиси 60 земји, кои потоа беа паузирани на три месеци, а некои од нив беа и модифицирани. Исто така, таа ги опфаќа и посебните тарифи наметнати на стоки од Кина, Канада и од Мексико.
Каков било исход од правната битка не би требало да влијае на секторските давачки наметнати со користење различни правни основи, како што се царините за челик, алуминиум и автомобили, воспоставени со искористување на членот 232 од Законот за проширување на трговијата од 1962 година. Овие тарифи зависеа од истрагата на Министерството за трговија, која заклучи дека увозот на такви производи претставува ризик за националната безбедност. Администрацијата на Трамп ги постави темелите за целење на фармацевтските производи и полупроводниците, меѓу другото, со тарифите од членот 232. Исходот од правната битка исто така не би требало да влијае на тарифите наметнати според членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, кој дозволува даноци врз основа на нефер трговски практики.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...